Добро, тоа си е разлика во вкусови, мене повеќе ми се допаѓа 208цата од Фиестата и однадвор и одвнатре.
Досега заклучивме дека трите автомобили се разликуваат во нијанси. Фиестата е најефтина и дава чувство на чист спортист како претходното клио, со директно управување и забавно надуправување при одземање на гаста во кривини. Пежото е избалансиран помеѓу спортски и комфорен, по примерот на GTI моделите на Volkswagen. Не нуди доволно директно управување како Фиестата, но е за нијанса побрз од неа на правци. Клиото е тотално различно од претходникот, и иако е најбрз од трите на прави стази, во кривините се осеќа како потешко од нив, а исто така е најскап поради неговиот менувач со двојна спојка.