Пријатели ај за една помош :
Значи вака, у глава ми се врти последниве неколку дена, да направам нешто али незнам како да го изведам....
Имено сакам да напраам на мерцедесот на чале (w210), кога ќе се отклучи, да ми се пуштат халогенките (нашки кажано магленките), заедно со ретровизорите да се отворат (зема он нови ретровизори на моторчиња за собирање пошто му го акнаа на улица пред месец дена), и кога ќе се заклучи возилото да светат околу 10 секунди.
Мислам дека имате идеа на што алудирам, ми падна у мисла кога ја видов на еден комшија це класата (w203 редизајн) кога искочи од неа и ја заклучи се упалија, а по некое време(односно околу десетина секунди по заклучувањето), си се изгасија.
Не ми текна да го прашам Томе(та), а сеа пак ми се уврте (него додека да го видам ќе забораам), мислам дека би можело да се изведе такво нешто, само незнам што би требало да напраам, читам на форум британски требало алармот(централното) да се намести на некоја држава...
Слика/видео од идеата ќе ставам покасно, пошто сум од тељефон