Ако за нешто му симнувам капа на црни Груја тоа е за овој автопат и за аеродромите. Не ме интересира колку коштал и колку пари завршиле во туѓи џепови, битно народот ќе вози побезбедно и нема секоја година да броиме жртви во Демир Капија. А човечкиот живот нема цена.
Баш така. Особено народ што често го вози патот. Некој што си дрме дома го заболе за некок си пат кој е главна магистрала на Европа и постои 3000 години.

Ова очајно требаше.
А дека е милион години види ги Србине колку градат. Ова е изградено во рекордно време. Особено што не го градиме ние туку Грчка, и не им се плаќа пенали за каснење. Сакаат да си завршат што побрзо. Проектирано беше Нова година, ама реално се презакажа за крај на мај. Се надевам дека ќе заврши и ќе го фатиме летово фул!

Тоа беше најтесно грло на цел пат до Солун. И се гинеше заради тоа што се влечкаа возила и камиони.
А бе ако крадат, а притоа ние сите убаво живееме, имаме добар стандард, мирна држава, не му ја мислиме за политика, тогаш крадењето на политичарите може да го сметаме како придобивка од нивната професија.
Ама ако крадат и притоа ние сите тонеме, тогаш многу е битно колку крадат. Што мислите? Во колку држави со далеку подобар стандард од нашиот, политичарите не се корумпирани и не крадат барем малце државни пари?!
Тоа е она што пробав да го објаснам пред десетина дена, ама ми рипнаа тука како MarceCvarce сеа што му рипна на NeVeNR 
Не за џабе се вика, добар сметководител сам си ја вади платата.

Колку ќе си извади негово си е, се додека фирмата има бенефити од неговото работење.

Ама пуста коза на комшија.
