Ме интересира оти регистрацијата е маскирана? Демек ако ја знам регистрацијата шо?
Исто ко на сликите од Мајбахо на Бојо на интернет. Маскирана регистрација. Демек ко ќе видам Мајбах ќе се прашувам на кој можи да е, пошо во Македенија миљон ги има...(а од оној на Бојо не ја знам регистрацијата).
Затоа што сликав кола која не е моја, за која што немам одобрение од сопственикот да ја сликам, а камоли да ја качам на нет...
Бидејки на форумот стојам со име, и сите ме знаат, и редовно доаѓам на собири, не сакам да се најде некој паметен и да ми направи проблем зошто сум му ја сликал колата, и сум ја споделил колата на форум со таблицата... Си ја сакам приватноста своја, и не сакам да нарушувам туѓа...
Така да, најмалку што можам да направам е да се заштитам во некоја мера себеси а и сопственикот на возилото...
Доколку сакаш да сликаш коли со вистинските таблици, go a head...
Фала ти за одговорот.
Во секој случај, со регистрација или без регистрација колата е тука. Не се работи за бело Југо кое го има на секој чекор...

Така да веќе е ставена колата на интернет и ако некој има задни намери, доволна му е сликата

Ако сакаш во одредена мера да се заштитиш, то ест под твоето име да не стои нечија кола за која не си имал одобрение за да ја сликаш, а камоли да ја залепиш на нет, тогаш напрај го тоа на друг начин. Аплодирај ја на некоја хостинг страна и стави линк до сликата, демек си ја нашол по нет сликата...

И да, доколку налетам на некое Бентли, Ролс Ројс, Мајбах, Мустанг од '69, го лепам дирек, без маскирање на таблица. Не верувам дека ќе му смета на тој шо поседува вакви возила да се зборува за нив наоколу. Ако не го сакал тоа, ќе си ја паркирал в гаража и немало да се развозува наоколу и да ја паркира наоколу
