Автор Тема: Audi A4 1.9 TDI '96  (Прочитано 25905 пати)

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5175
  • Пиши лаже
Одг: Audi A4 1.9 TDI '96
« Одговори #45 на: 02 Јуни 2013, 02:31:09 am »
Да, знам за тоа дека турбината се уклучува со самото палење (Smichka го имам гледано клипот, сепак фала :) ), но ме интересираше кога се слуша она свирење, т.е. кога испушта висок воздух. :)
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен ExtremeBt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1448
Одг: Audi A4 1.9 TDI '96
« Одговори #46 на: 02 Јуни 2013, 13:07:48 pm »
Точно е дека турбото е уклучено заедно со палењето на моторот, ама @Boshe во прашањето „кога уклучува турбото“ мислеше на вакумот, кога моторот го зема воздухот, на колку обртаи.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Audi A4 1.9 TDI '96
« Одговори #47 на: 02 Јуни 2013, 14:30:34 pm »
Ај и јас едно прашање да поставам, дали ТДИ моторите најдобро потегнуваат кога го имаат максималниот торк ? Гледам по спецификации, 1.9 ТДИ на 1900 вртежи го има максималниот торк, дали тогаш на 1900 вртежи ако нагазиш на папучата ке тегне асално ? Еве и 2000 вртежи рамно нека се.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Audi A4 1.9 TDI '96
« Одговори #48 на: 02 Јуни 2013, 14:45:16 pm »
некаде во тој режим од 1900-2000 до 3000 рпм тегне асално,после тоа џабе стисткаш на папучата(passat tdi 110konja)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Audi A4 1.9 TDI '96
« Одговори #49 на: 02 Јуни 2013, 14:51:15 pm »
Тоа прашувам, знам дека дизел џабе го мачиш до црвено.
Значи за најлесно престигнување на отворен пат, го држиш на 2000 вртежи, начекуваш шанса, гас до крај и го оставаш тој позади тебе :)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Audi A4 1.9 TDI '96
« Одговори #50 на: 02 Јуни 2013, 15:12:49 pm »
Не е се до обртниот момент. Од 2000 до 3000 е најголем, да, ама максималната снага во киловати моторот ја постигнува над 4000 вртежи. Џабе торк ако нема снага колата.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Audi A4 1.9 TDI '96
« Одговори #51 на: 02 Јуни 2013, 17:53:18 pm »
Епа генерално зборам за ТДИ моторите, конкретно најголем мерак од 1.9 тди ми прави тој со 81 киловат.
Ама пошто дизелот торкот го има во пониските вртежи, нели е поексплозивен и пожив во ниски вртежи отколку да го тераш до 4000 или над 4000 вртежи ?
Еве твое мислење мартин, како да се изврши престигнување на отворен пат со 1.9 тди 110 коња доколку возиш 90 км, а 90 км во 5 брзина се 2000 вртежи на тди. Што мислиш, треба да се врати по 4 брзина или со 5 да се врши престигнувањето ?

Мое мислење е на 90 км при 2000 вртежи во 5 брзина само гас до крај, да не се врака помала брзина.

Отсутен Dimac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 672
Одг: Audi A4 1.9 TDI '96
« Одговори #52 на: 02 Јуни 2013, 19:25:40 pm »
конкретно за 1,9 тди 110к.с имам претчуство дека тегне рамномерно од 2000 до 3500 обртаи, и дека тоа тегнење највеке се чуствува во 3-та брзина

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5175
  • Пиши лаже
Одг: Audi A4 1.9 TDI '96
« Одговори #53 на: 08 Јуни 2013, 13:34:53 pm »
Имам приметено дека највеќе ми прима од 2ра у 3та, од 2.2/5К до 3.5К некаде (кога го газам)... Инаку, преферирам вожња на ниски обртаи во град, 1.2 - 1.7К. Некогаш за претекнување може до 2.0, 2.2К некаде. Како што знам, воедно тоа е и економична вожња за дизелот.

Инаку, се мислам да му ставам фолии некои за летово да не ме гори сонцето. :)
Препорачајте некои фолии, средни (не скапи, но не и некои фуш)... Законски е до 25% дозволено затемнување како што знам јас, така?
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен Nino-

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 458
  • Ultimate driving experience
Одг: Audi A4 1.9 TDI '96
« Одговори #54 на: 08 Јуни 2013, 13:41:07 pm »
Законски е колку сакаш на задните стакла и 0% на предни стакла, со тоа што мора да извадиш А тест

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Audi A4 1.9 TDI '96
« Одговори #55 на: 08 Јуни 2013, 13:42:29 pm »
Ја како што знам напред освен фабричкото затемнување на стаклата(30%) несмееш дополнително да затемнуваш,позади колку сакаш затемнувај

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5175
  • Пиши лаже
Одг: Audi A4 1.9 TDI '96
« Одговори #56 на: 09 Јуни 2013, 18:15:24 pm »
Предните значи ич не смеам да ги затемнувам? Каде се вршат тие тестови, во здружение?
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен Nino-

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 458
  • Ultimate driving experience
Одг: Audi A4 1.9 TDI '96
« Одговори #57 на: 09 Јуни 2013, 18:18:26 pm »
Скопје во Авто Македонија и на Машински, а за по др. градови незнам.
Напред можеш малце да ги затемниш ама одкако ќе земеш а тест ;)

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5175
  • Пиши лаже
Одг: Audi A4 1.9 TDI '96
« Одговори #58 на: 09 Јуни 2013, 18:56:29 pm »
Океј. Фала ти за информацијата.
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Audi A4 1.9 TDI '96
« Одговори #59 на: 09 Јуни 2013, 23:49:05 pm »
можеш и напред,ама не е законски,тоа да си знаеш.немам чуено некого да казнат ако малце ги затемнил напред да не се приметува ептен,ама...