Чувството на револт гори во мојата душа! Ја чувствувам дланката на оние кои ме гушат во моето живеење, оние кои ми ја кратат нишката на моето постоење.
Политичките реклами траат со саати и тоа за една партија и за еден систем. Секое второ шоу е за квази политички експерти, пропаднати политичари, манипулатори и дегереници.
Си имав ветено себе си дека никогаш нема да пишувам за политика...но,се чувствувам заробен, поробен, покорен со подадена рака кон светлината на идеалот. Да, по ѓаволите сум идеалист, но не сум и наивен.

Со последните сили ќе се трудам да ја потресам менталната структура на ограничениот патријахален ум на секој Македонец, Албанец, Ром, Босанец, Влав...
Ќе викам, ќе се дерам...нема да знам за присебност и сталоженост! Преку кур ми е дојдено од сите вие погани политичари. Преку кур од Грујо и Бранко! Преку кур ми сте сите водители, Миленковци, Јанковци, Латаси, бурекојадачи, сеачи на магла,...
Ми ја скративте душата, ми го украдовте мирот! Ме оставивте гладен за спокој, ми ја уништувате иднината!Ме опкруживте со страв, со вашите прости размислувања, со неразумен национилизам, со фашистички идеи, со никаква толерација!
Поставивте триста споменици од ликови, да се изгубите во нив. Ме труете со кич, ме удирате со вашиот садистички бич, бичот на уцената, на безработицата, на парчето насушен леб.
Ја силувавте и религијата со вашите продадени свештеници, хедонисти и материјалисти.
Ја проколнавте земјата, го збудалевте народот, не претворивте во зомбија кои бараат начин да преживеат јадејќи ја душата на ближниот, со кодошење, со болни мисли и поделби.
Ништожните политички мрсулковци бројат лајкови кои сме ги дале за политичкиот опонент. Ни читаат статуси, рапортираат во базите...ја полнат црната книга на вмровските гревови.
Ми треба чист воздух, ми треба добра мисла, ми треба добра иднина, ми треба среќно семејство.
Прибежиште како и секогаш ќе го барам во пацифистичките мисли на Ганди, Ајнштајн, Толстој...! Ќе се борам со пенкало и тастура - со пацифизам!
Никаков страв нема да ме покори пред вашите погани нозе, вашите гнасни умови и корумпирани души!
За на крај...
Ви посакувам брзо истребување и ајт УПМ!
Peace!