За самоубијците имам многу ниско мислење, тоа е трајно решение на моменталните проблеми.
Не можеш да генерализираш!
1) Има психички-болни кои не се во состојба свесно да расудуваат!
2) Има нерешливи проблеми кои се извор на многу други многу поголеми нерешливи проблеми.
Aпсолутно и ги исмевам во секоја прилика.
Замисли да си млад успешен човек, образован, со добра работна позиција, доборо платен за наши услови, со сопствен(заработен) стан и автомобил, стабилна врска со девојка која ја сакаш и со која имаш во план да градиш иднина.
И замисли ситуација од нигде никаде да ти се појави болест која за помалку од 2 месеци ќе ти го инвалидизира движењето(едната нога нема да можеш да ја контролираш во целост), ќе добиеш тотална еректилна дисфункција, ќе престанеш да гледаш со едно око и ќе имаш уште ред други симптоми од кои да добиеш само еден ќе се извадиш од памет и ќе паднеш во депресија.
После замисли дека по нашиве болници нема никој да ти залепи мрсул, па откако ќе се испукаш неколку иљади евра за да те видат ќе ти дадат „утешна“ дијагноза на болест која не се лечи, а прогресира. Лекарствата кои можат да го успорат развојот на болеста месечно коштаат колку 8 македонски просечни плати без да рачунаш „работна рака“, разни испитувања, давања на терапии, патишта до болници во ЕУ и слично. Односно пари, кои ниту ги имаш, ниту некој од најблиските може да ти ги обезбеди. А за сето тоа време ти си неподвижен инвалид врзан во постела за кого мора да се грижи некој 24/7, те хранат со каша преку цевче во уста затоа што рефлексите за џвакање ти откажале и чекаш кога ќе дојде момент кога ќе ти откажат повитални органи од што ќе умреш.
Дали и ова ќе го исмеваш?
И што ќе направиш ти во ваков случај? Ќе бидеш скапо цвеќе или?