Автор Тема: Добри Дела  (Прочитано 34999 пати)

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Добри Дела
« Одговори #135 на: 21 Февруари 2019, 04:49:37 am »
нема броеви за донации?
само на сметка?

ако да, под која шифра се уплаќа ако знае некој нека пише

Веројатно под оваа

Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9100
Одг: Добри Дела
« Одговори #136 на: 23 Февруари 2019, 08:05:48 am »
562 или 560

И да згрешиш не е никаков проблем секогаш можеш да ја ставиш таа последната 900 и нешто, останато

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: Добри Дела
« Одговори #137 на: 23 Февруари 2019, 10:30:01 am »
Донирано! Одвратна болест, се надевам ќе се опорави дечкото.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7068
  • хаУс мајстор
Одг: Добри Дела
« Одговори #138 на: 02 Март 2019, 10:34:31 am »
Пуштија бројче, чекаме и од VIP.

Sent from my POCOPHONE F1 using Tapatalk


Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7068
  • хаУс мајстор
Одг: Добри Дела
« Одговори #139 на: 07 Март 2019, 23:42:30 pm »
Се на куп.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20699
Одг: Добри Дела
« Одговори #140 на: 11 Јуни 2019, 15:37:33 pm »
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Rammlied

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 315
Одг: Добри Дела
« Одговори #141 на: 15 Јули 2019, 17:25:53 pm »


Цитат
Драги пријатели, некои од вас лично ме познаваат и лично знаат со каков проблем се мачам последниве неколку години. Бидејќи веќе не знам што да правам па решив вака јавно да се обратам и да побарам помош за мојот колк кој е во фаза на распаѓање т.е. поточно имам дијагноза коксартроза и синовитис која се заснова на рскавицата во колкот која е скоро целесно оштетена. Оваа агонија со константни болки и ограничување во движењето е макотрпна работа и од големите болки кои ги имам сум принудена да избегнувам било каква физичка работа. За истиот проблем да биде решен најдовме првиватно соодветна клиника во Србија која истото може по артроскопски пат да го реши за да не дојдам до менување и ставање на вештачки колк. Докторот Александар Црнобариќ е со позитивно мислење и соодветно решение на мојот проблем, воедно да не заборавам да напоменам дека е еден од најдобрите доктори на балканот за таа дијагноза. Инаку неговиот преглед беше детален и убаво објаснет за понатамошно лекување. Операцијата која ќе ја изврши лично тој чини 5500 евра во кои се состојат операцијата и постоперативен третман. Затоа драги пријатели ве молам вас за помош кој колку може да донира и конечно мојата агонија од претерано силни болки и големо ограничување во движењето да престане и да можам понатаму да живеам нормален живот.
Брат ми неодамна почина, а татко ми не е финансиски способен да ми помогне, па затоа се решив вака јавно да побарам помош од вас.

Телефони за донација:

T - mobile 143 123

Вип 143 600


Жиро сметка: 270700042513594
со цел на дознака "донација за Стаменка"

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1784
Одг: Добри Дела
« Одговори #142 на: 16 Јули 2019, 10:49:00 am »
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Цитат
Драги пријатели, некои од вас лично ме познаваат и лично знаат со каков проблем се мачам последниве неколку години. Бидејќи веќе не знам што да правам па решив вака јавно да се обратам и да побарам помош за мојот колк кој е во фаза на распаѓање т.е. поточно имам дијагноза коксартроза и синовитис која се заснова на рскавицата во колкот која е скоро целесно оштетена. Оваа агонија со константни болки и ограничување во движењето е макотрпна работа и од големите болки кои ги имам сум принудена да избегнувам било каква физичка работа. За истиот проблем да биде решен најдовме првиватно соодветна клиника во Србија која истото може по артроскопски пат да го реши за да не дојдам до менување и ставање на вештачки колк. Докторот Александар Црнобариќ е со позитивно мислење и соодветно решение на мојот проблем, воедно да не заборавам да напоменам дека е еден од најдобрите доктори на балканот за таа дијагноза. Инаку неговиот преглед беше детален и убаво објаснет за понатамошно лекување. Операцијата која ќе ја изврши лично тој чини 5500 евра во кои се состојат операцијата и постоперативен третман. Затоа драги пријатели ве молам вас за помош кој колку може да донира и конечно мојата агонија од претерано силни болки и големо ограничување во движењето да престане и да можам понатаму да живеам нормален живот.
Брат ми неодамна почина, а татко ми не е финансиски способен да ми помогне, па затоа се решив вака јавно да побарам помош од вас.

Телефони за донација:

T - mobile 143 123

Вип 143 600


Жиро сметка: 270700042513594
со цел на дознака "донација за Стаменка"
Собрани се парите за лекување. Со лесно нека е.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Добри Дела
« Одговори #143 на: 25 Септември 2019, 14:35:05 pm »
Апел за помош на 33-годишната Јана од Охрид која веќе петта година се бори со редок вид на рак

Ајде да ги здружиме силите и заедно да ѝ помогнеме на Јана Арсовска. 33-годишната девојка од Охрид веќе петта година се бори со редок вид на рак.

Во 2015 година, на Јана ѝ била дијагностицирана „адултна неуробластома“, детски рак кој кај возрасни е многу редок и оттогаш таа ја води најтешката битка во животот.

Отворете го срцето и помогнете ѝ на храбрата и позитивна охриѓанка:

Броеви за донирање од Македонија:

T-Mobile: 143 143

А1: 143 467

За донации од Македонија:

Жиро-сметка: 5305-0001-0490-410

Банка: Охридска Банка

За донации надвор од Македонија:

IBAN: MK07530280003077681

SWIFT: OHRDMK22

Адресата на Јана, за банкарските трансакции е:

Јана Арсовска,

ул. Ѓорче Петров 14 г

6000 Охрид, Македонија

ПАТОТ ДОСЕГА…

Јана веќе петта година храбро се бори со еден премногу редок вид на канцер. Се работи за „адултна неуробластома“, детски рак кој кај возрасни е толку редок што тешко се прави и статистичка споредба, но во САД отприлика пресметале дека се јавува кај секој 1 на 12 МИЛИОНИ луѓе.

После дијагнозата во Македонија во 2015 и операцијата во Скопје при која ѝ беше отстранет левиот бубрег и надбубрежната лезија, Јана двапати се лекуваше во Флензбург, Германија (2016 и 2018), со поддршка од Фондот за здравствено осигурување. После две трансплатации на коскена срж, состојбата е следна: во нејзиното тело по втората трансплатација се уште имаше (под 1% во јануари 2019) малигни клетки на реткиот тумор.

ИТНАТА ПРЕПОРАКА ОД ГЕРМАНИЈА НЕ БЕШЕ ИТНО УСВОЕНА

Лекарите од клиниката во Флензбург препорачаа ИТНА имунотерапија за Јана која по децениски истражувања низ целиот свет покажала резултати и станал дел од протоколите за лекување на оваа болест во огромен број земји во светот, чиј број се зголемува постојано.

Но, поради реткоста на болеста, во Македонија ниту најстручните лица не знаат премногу за истата и за протоколите за лекување, па и покрај итните назнаки од Германската клиника, објаснувањето со луѓето од ФЗО околу оправданоста на барањето за поддршка поради докажаните резултати од имунотерапијата оди со… побавно темпо. За разлика од темпото со кое ваквите болести обично дејствуваат во организмот на еден човек.

ВРЕМЕ Е ЗА АКЦИЈА, ХУМАНОСТА ЌЕ ПОБЕДИ

Имајќи предвид дека секој ден, секој миг е значаен, ние, семејството и пријателите на Јана, се одлучивме дека НЕ СМЕЕМЕ ПОВЕЌЕ ДА ЧЕКАМЕ и дека мора да започнеме голема акција со која секој од нас ќе донира малку, но тоа на крај за Јана ќе е исклучително многу.

И притоа, под малку или многу, не мислиме на парите кои се донираат. За некого 100 денари значат доста, за некого се кусур кој е незабележлив. Но, гестот да се помогне на човек кој храбро со години се бори со тешка и опасна болест едноставно нема цена. Чувството дека само кога им помагаме на другите сме навистина живи со целиот наш потенцијал, хумани и грижливи едни за други, е одлика на сите добри луѓе со огромни срца низ целиот свет.

Затоа, иако сумата која треба да се собере за лекувањето во клиниката „Ст. Жоан де Деу“ во Барселона, која прифати да ја лекува јана, не е мала (213.329 €), УБЕДЕНИ сме како во ништо досега, дека собирањето на овие средства е возможно и дека ќе го сториме тоа, сите заедно, сите како еден – за храбрата и силна Јана.

ПАТОТ НЕ Е ЛЕСЕН, НО СИГУРНО ЌЕ УСПЕЕМЕ!

И досега хуманоста на цела Македонија се покажала неброено многу пати, и досега хуманите срца чукале силно за Јана. Сега, уште еднаш, ги молиме сите добри и хумани луѓе да одвојат дел од сопственото и да донираат надеж за некој друг. За нашата Јана. Да донираат сила за нејзината битка, да донираат љубов и добрина кои ќе и помогнат да го совлада и овој голем предизвик. Таа може! Покажала и докажала дека е голем борец. Но, во овие моменти нашата заедничка помош и е многу многу потребна, бидејќи ова е момент во кој се потсетуваме дека никој не може сам на овој свет, но и дека кога сме обединети и со заедничка хумана цел, нема сила која може да и застане на патот таа цел.

Човечкиот живот нема цена. Но, постојат моменти кога „светот“ ставил некаква цена на надежта за извојување победа во вакви големи битки. После оваа хумана акција, животот на Јана ќе биде голем сведок како многумина кои не се познаваат меѓу себе, се собрале и помогнале за да може една млада девојка да го продолжи својот животен пат и покрај сите пречки и предизвици. Нема толку висока планина која не можеме да ја искачиме заедно, кога сме хумани и сплотени. Кога сме добро организирани.

ПРИКЛУЧЕТЕ СЕ СО ДОБРО ДЕЛО, ДОНИРАЈТЕ НАДЕЖ ЗА ЈАНА!

Затоа, ве молиме и ве повикуваме да се приклучите кон оваа акција. Споделувајте постови од оваа страна, зборувајте со луѓе кои ги познавате, компании кои би сакале да помогнат, фондации, медиуми. Секој кој било како може да помогне, е повеќе од добредојден. Секаква идеја, секаква акција… Да бидеме како едно, за нашата храбра Јана.

Заедно ќе успееме, ама сигурно ќе успееме, и Јана ќе ни биде жива, здрава и насмеана! 🙂

ВИ БЛАГОДАРИМЕ ОД СРЦЕ!

Семејството и пријатели на Јана Арсовска.


https://bulevar.mk/apel-za-pomosh-na-33-godishnata-%d1%98ana-od-ohrid-ko%d1%98a-ve%d1%9ce-petta-godina-se-bori-so-redok-vid-na-rak/?fbclid=IwAR3YQckWbhplrN-IhB671M_5qpNbvv4sowTdYlvZYHVrRSgReU0ud2YBTQM


Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Добри Дела
« Одговори #144 на: 25 Ноември 2019, 10:38:48 am »

Да бидеме хумани и да и помогнеме на младата Стаменка која има претерано силни болки и големо ограничување во движењето, да може и понатаму да живее нормален живот. Нејзиниот колк е во фаза на распаѓање, односно има дијагноза коксартроза која се заснова на рскавицата во колкот која е скоро целесно оштетена. Операцијата која би се извршила во соседна Србија чини само 5500 евра во кои се состојат и операцијата и постоперативниот третман.

-Драги пријатели, некои од вас лично ме познаваат и лично знаат со каков проблем се мачам последниве неколку години. Бидејќи веќе не знам што да правам па решив вака јавно да се обратам и да побарам помош за мојот колк кој е во фаза на распаѓање т.е. поточно имам дијагноза коксартроза која се заснова на рскавицата во колкот која е скоро целесно оштетена. Оваа агонија со константни болки и ограничување во движењето е макотрпна работа и од големите болки кои ги имам сум принудена да избегнувам било каква физичка работа. За истиот проблем да биде решен најдовме првиватно соодветна клиника во Србија која истото може по артроскопски пат да го реши за да не дојдам до менување и ставање на вештачки колк. Докторот Александар Црнобариќ е со позитивно мислење и соодветно решение на мојот проблем, воедно да не заборавам да напоменам дека е еден од најдобрите доктори на балканот за таа дијагноза. Инаку неговиот преглед беше детален и убаво објаснет за понатамошно лекување. Операцијата која ќе ја изврши лично тој чини 5500 евра во кои се состојат операцијата и постоперативен третман. Затоа драги пријатели ве молам вас за помош кој колку може да донира и конечно мојата агонија од претерано силни болки и големо ограничување во движењето да престане и да можам понатаму да живеам нормален живот.
Брат ми неодамна почина, а татко ми не е финансиски способен да ми помогне, па затоа се решив вака јавно да побарам помош од вас.

Телефони за донација:

T – mobile 143 123

За Вип наскоро ќе добијам бројче

Жиро сметка: 270700042513594
со цел на дознака “донација за Стаменка”

https://kurir.mk/makedonija/vesti/da-bideme-humani-potrebni-se-samo-5500-evra-za-operacija-na-mladata-stamenka-da-zivee-normalen-zivot-bez-bolki-i-ogranichuvanje/?fbclid=IwAR0BaArCjKICCzIF5Ylv-H88GrM6qCh_lWCwr62TvcJAPK8Wyxkiz3OHaaY

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9100
Одг: Добри Дела
« Одговори #145 на: 26 Ноември 2019, 10:42:35 am »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29791
    • CARclub.mk
Одг: Добри Дела
« Одговори #146 на: 26 Ноември 2019, 11:05:08 am »
Реалноста на македонските кликбејт медиуми. Некој медиум повторно објавил, чисто за кликови, пренеле другите.. И така.

Девојчето фино си објавило вчера:

„Народен глас што портал ќе бевте бе, за срамота сте. Немате што да објавите ново па објавувате стари објави, касните едно четири месеци, но бидејќи луѓето беа најпрекрасни на цел свет донациите завшија дента и кога беа отворени. Така да луѓе мои јас сум оперирана и уште малку ќе можам да "трчам" на маратон а вие сега објавувате за да имате прегледи. Драги луѓе, ви благодарам што сте хумани и пробавте повторно да се јавувате на броевите, но сето тоа е завшено и ако донирате на тие броеви, донирате на некого кого му е потребно во моментот. И да, немој случајно да споделувате и ако видите некој да спидели пишете му дека е се завршено уште пред 4 месеци!!!!“

И така...

---

Инаку, ваквиот пристап е директен резултат на начинот на кој заработуваат „медиумите“ и „порталите“ кај нас - а тоа е по импресии, односно за секои 1000 прегледи на некоја реклама, они заработуваат Х сума. Затоа, во нивен интерес е да имаат што е можно повеќе објави на ден, со што е можно побомбастични наслови - само за да привлечат кликови. Па после срање било.. Епа срање е.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Добри Дела
« Одговори #147 на: 26 Ноември 2019, 11:22:40 am »
Фиино...
Бидејќи немам време да валидирам што копуци се Курир, ме занима каде ќе ми одат 200 денари без ДДВ кои ги дониравме вчера со жена ми?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29791
    • CARclub.mk
Одг: Добри Дела
« Одговори #148 на: 26 Ноември 2019, 11:31:05 am »
Јави се во Телеком, прашај. Сигурно е пак некоја донација, но не е конкретната што си мислел.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10189
Одг: Добри Дела
« Одговори #149 на: 26 Ноември 2019, 11:31:18 am »
И тука доаѓа на сцена приказната за детето кое од забава викало дека дошол Волкот... :'(