Здраво на сите!
Имам Kia Sephia 2000 година, 1.5L 90КС (+ плин), (според некои мазда мотор) со поминати 90к км. Пред една недела ми се појави проблем при палењето. Ќе завергла, ги крева обртаите до 2.000 од прилика и после се гуши и гаси. После 3-4 обиди успеав да ја запалам и се беше нормално. После неколку дена истото се повтори со тоа што почна да пали без проблем, но, откога ќе се запали се смирува моторот на 1.000рпм и кога ќе дадам гас, моторот се гуши, а откога ќе отпуштам се крева до 2.000рпм и повторно оди на 1.000рпм. После неколку обиди на палење и гасење успевам да ја префрлам на плин и тогаш веќе нема никакви проблеми, си работи како што треба.
Има ли некој искуство со ваков проблем, може ли да ме наведете на нешто?
Фала однапред.