Нов пост бидејќи се работи за нова трка.
Следната трка ќе се одржи во Португалија низ улиците на Порто.
Бидејќи се работи за улична трка можеме да очекуваме 80% од времето да се вози под сејфти кар, само чудо ако се деси може да се извозат регуларно сите кругови (или барем најголем дел од нив) без посериозни инциденти.
Како што се гледа и од постерот, домаќин ќе биде Тиаго Монтеиро и ќе има за задача да се "покаже" пред неговата публика, но земајќи го во предвид Иван Милер, тоа воопшто нема да биде лесно. Не е во лоша форма Монтеиро и знае да покаже конкурентност, па ако успеат да ја средат хондата можеме да гледаме интересна трка.
За жал се вози на иста дата со Кичево, па очигледно ќе ја пропуштам трката, ама барем квалификациите ќе ги гледам па тркава реприза.