Автор Тема: Фарови и осветлување  (Прочитано 478166 пати)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2816
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1755 на: 21 Октомври 2019, 08:25:53 am »
Дали има големи заебанции и преправки да се намести да не ми се палат светлата кога ќе го запалам автомобилот, туку да ги палам јас кога сакам, Рено Сеник е во прашање, благодарам
Своерачен потпис ;)

Присутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7211
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1756 на: 21 Октомври 2019, 09:26:43 am »
И денски ти се палат?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10590
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1757 на: 21 Октомври 2019, 09:26:56 am »
Наједноставна варијанта.
Пред да ја запалиш колата ги ставаш на позиција, потоа враќаш на 0 или вклучуваш средни.

Имав пробано на меганот, демек рикаат сијалиците на палење кола. Џабе...

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4114
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1758 на: 21 Октомври 2019, 10:26:48 am »
Дали има големи заебанции и преправки да се намести да не ми се палат светлата кога ќе го запалам автомобилот, туку да ги палам јас кога сакам, Рено Сеник е во прашање, благодарам

Не знам од која година е сеникот но веројатно после 2006-2007 година ваква промена во сервис само. Софтверско подесување е.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2816
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1759 на: 21 Октомври 2019, 10:26:55 am »
@Power to the people Да и денски, без разлика, палиш кола и ти се палат светлата

@Mikius Не знам дали е можно ама кај мене како да нема 0, или позиција или кратки светла, кога менувам на ракетата, идат кратки-позиција-кратки, ај после пак да видам, инаку јас би ги оставил на 0 кога не ми ги треба светлата
Своерачен потпис ;)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2816
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1760 на: 21 Октомври 2019, 10:28:17 am »
Дали има големи заебанции и преправки да се намести да не ми се палат светлата кога ќе го запалам автомобилот, туку да ги палам јас кога сакам, Рено Сеник е во прашање, благодарам

Не знам од која година е сеникот но веројатно после 2006-2007 година ваква промена во сервис само. Софтверско подесување е.
Да, 2007 е, мислиш на овластен или може и некој друг сервис што знае како да го среди тоа?
Своерачен потпис ;)

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4114
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1761 на: 21 Октомври 2019, 10:33:19 am »
Со сигурност не можам да ти кажам. Ова е од искуство со официјален сервис за една пшостара Лагуна што ја имав кога го донесоа законот за упалени светла дење. Мислам дека има „способни“ чепкачи. Ама да си прашаш прво во овластен може ли и колку миљарди бараат. После оди и види со маалскиве „чипери“ можеби е едноставно да се смени и помалку ќе чини.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10590
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1762 на: 21 Октомври 2019, 10:36:50 am »
@Power to the people Да и денски, без разлика, палиш кола и ти се палат светлата

@Mikius Не знам дали е можно ама кај мене како да нема 0, или позиција или кратки светла, кога менувам на ракетата, идат кратки-позиција-кратки, ај после пак да видам, инаку јас би ги оставил на 0 кога не ми ги треба светлата
Како што си објаснил, првите кратки што ти се вклучуваат се на позиција исклучени светла или 0. Така е направено да не се заборава да се вклучат :) и автоматски се гасат при гасење мотор.
Потоа следи позиција, па кратки светла, патем остануваат запалени на изгасена кола.
Барем така некако беше на меганот.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6293
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1763 на: 21 Октомври 2019, 11:10:01 am »
На 0 позиција наместена ракетата светат денски светла барем кајмене на меганот, ако сакаш тоа да го исклучиш кајмене  е на десната ракета на двете стрелки се влегува во менито и се одштиклира опцијата, опција за ракета на 0 позиција и средни да светат нема, освен некој маалски мајстор ако има играно шо нема поента оти и да се уклучени при гасење на кола и отварање на возачка врата сами се гасат.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Присутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7211
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1764 на: 21 Октомври 2019, 11:26:05 am »
Не знам дали имаш опција за и денски светлата да ти се палат, а ако немаш:

На левата ракета имаш AUTO копче, го држиш 3-5с не знам колку точно, титка и на табла ти излегува автоматски светла деактивирани/активирани.
На шофершајбната ти e сензорот за дожд и светло, па ако ти е покриен тој или нефункционален затоа ти се палат и денски.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6693
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1765 на: 21 Октомври 2019, 11:27:22 am »
Финтата е што кај денските светла кога станаа регулирани во ЕУ, почнаа производителиве тие за позиција што се да се и денски светла. Кај рено меган или сценик од таа генерација едноставно денски светла не постојат според денешнава еу регулатива, затоа мора да ти се и средните уклучени. Кратките светла се многу слаби.

Затоа на постари коли што имаат автоматски светла уствари е и џабе зошто се палат соборените светла во секој случај. Разликата е само во внатрешноста на кабината, со сензор за светла преку ден нема да ти свети внатрешното осветлување како копчиња за прозорци, клима, радио итн.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10590
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1766 на: 21 Октомври 2019, 12:18:55 pm »
Гледам се испомешаа поимите кратки, позициони, средни, соборени светла :)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6693
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1767 на: 21 Октомври 2019, 12:33:36 pm »
Соборени = средни
Кратки = позициони

Мислам најубаво може со слики да се објасни.

Голф мк4 со кратки светла, но овие не се дневни односно дрл светла, слаби се.


Голф мк6 со кратки светла, а во исто време се и дневни односно дрл светла. (H15) - значи ова светло е и ДРЛ и дугачко по потреба.


Постарите коли со стандард халоген светла се до кај 2010 +- немаат H15 сијалички туку за сите три позиции имаат посебни сијалички. Случајот со рено сеник е ист како кај голф 4ка на пример. Затоа, дали било ноќе или дење нема везе и мора да возиш со уклучени соборени светла. Освен нели, ако земеш афтермаркет дрл лед светла обично што ги бутаат кај браник и евентуално така да се спасиш.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10590
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1768 на: 21 Октомври 2019, 12:42:23 pm »
Значи, Филип малку ја утна во описот "кратки-позициони-кратки", мада го разбрав што сака да каже :)

На меганот2, (сигурно е исто и кај сеникот) на позиција 0 (исклучени секакви светла) се активираа автоматски средните светла со палење на моторот.
Со вртење на копчето на позиција се гасат средните и се палат позиционите.
Со уште едно вртење на копчето се палат повторно средните.

Претпоставувам дека сака да го исклучи автоматското палење на средни светла кога го пали моторот со цел да го продолжи векот на сијалиците.

Мислам дека со некакво релејче правеа адаптација во тоа време...
« Последно менување: 21 Октомври 2019, 13:19:41 pm Mikius »

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2816
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #1769 на: 21 Октомври 2019, 14:58:35 pm »
@Mikius Баш така, можеби згрешив во описот, едноставно кажано, кога возам на пладне, градска вожња, не сакам никакви светла да ми светат
Своерачен потпис ;)