Здраво дечки!
Какви сијалици би препорачале за Пежо 207 (2008)? Левата ми прегоре пред неколку месеци и ја заменив со заменската што ја имав од комплетот за брза помош. Појма немам каква е, ваљда најобична халогенска што свети жолто. Не приметив некоја разлика во бојата со оваа сијалица и десната. Сега прегоре и десната па се мислев да земам еден нов комплет за двете, Н7 се. Така ќе ми бидат двете од старт исти со иста боја. Не сум за некои скапи сијалици, уште помалку за ксенон. Жолто ми е ОК само, добро да се гледа.