Ти треба само бел ѕид и 10 метри прав пат до него. Другото е лесно:
1. Прво со колата ќе се доближиш до ѕидот максимално колку што можеш.
2. Ќе обележиш на ѕидот точно центрите на сноповите (оној делот кај што почнува од хоризонтална линија, нагоре да се крева снопот),
3. Ќе провериш на фаровите под хауба колку % треба да паѓа снопот.
4. Ќе се оддалечиш точно 10 метри наназад (1000cm)
5. Ќе го покриеш со картон едниот фар
6. На другиот фар ќе подесиш прво центарот да биде во иста вертикала со маркерот, па потоа за секој процент што е предвиден, ќе го симнеш снопот за 10cm под маркерот. Така на пример ако е 2%, ќе симнеш 20цм.
7. Ќе го покриеш сега другиот фар со картонот и ќе ја повториш процедурата 6.
Тоа е тоа. Би требало да бидеш „таман“