Igracka.Ovaj e za mali raboti.Primer za nekoja umetnost I slicno
Дека резервоарот е 400мл? Или заради димензиите на отворите?
1.5 со 3 нели е нешто како „универзално“ за повеќе намени, читав дека треба помал отвор за фин финиш во фарбање, и поголем отвор за лепаци шприцање и слично... Абе за да шприцам по двор на мало компресорче мислам дека иако играчки, може и интересни играчки да бидат.
Edit... се регистрирам и цената се зголемува на 18
Tи бута друга (поскапа) поштарина, затоа ти рипа цената. За Gearbest моментално најевтина пошта е белгиската, препорачани пратки (registered). Можеш да избереш пошта на чекаут, и во сетирањата на акаунтот боље да ставиш долари наместо евра пошто на времето кога споредував редовно искачаше поевтино во долари. Нешто некој педерски курс имаат за било која друга валута освен долар, не само Gearbest туку малтене сите онлајн продавници.
Jaс инаку нарачав пар комада од пиштоливе. Сигурно не се одлични, ама
одлични добри пиштоли се над 100-200 евра (или многу повеќе). За парите можеби ќе бидат добри за да учам шприцање. Го гледав
еден лик како си игра со истиот пиштол, ок изгледа. Ќе видиме кога ќе дојдат, таман имам ограда за фарбање.
Има на Gearbest убави акциски понуди. Како тие клештите за метални стеги што ги линкав во темата со алат, или
докинг станицава за SATA и IDE дискови (со напојување), од која два комплета коштаат ~1700ден. За ~850тина денари колку искача еден комплет супер алатка за кој се бафта со дискови и такви работи. Исто и пиштоливе може да испаднат добра зделка, на clearance свашта се начекува.