Не ме фатија, им избегав

На три пати ме застанале во алкохолизирана состојба.
Еднаш им куртулив затоа што во моментот кога ме застанаа на моторола им јавија дека имало некоја сообраќајка, па требаше да одат таму и ме пуштија. Вториот пат кога ме застанаа во алкохолизирана состојба, се погоде полицаецот да го познава татко ми (мотокари ниедни, којзнај колку пати по кафани имаат пиено заедно), по презимето му текна и ми рече:
- Уште еднаш те фатив, ќе ти ја земам и возачката и колата...поздрави го татко ти.
Третиот пат немаше бегање. Се враќав од кај другар од именден, потаманет со ракија...
Ми ја кренаа тоа сончогледката џандарска. Си паркирав десно. Како го отварав џамот, така гледав како ми се разлетуваат евра во џепот на џандарот...
- Имаш пиено?
- Имам.
- Аха, ај да дуваш, шо пијаше?
- Е ај ќе дувам...шо пијав, абе едно пивце до две максимум ако се напив.
- Абе којзнај колку имаш испијано, не знајш ни самиот...ај дувај.
Дувам и покажува 0,6 промили.
- Ааааааааа, нема шанси од пивце до две олку да покажи, за казна е ова и поќе имаш испијано...
Аха, се зачудив и јас како можеше толку малку да покажи после толку ракија. Почнав да се правдам (лажам):
- Вака одеше цела работа. Јас не сум по алкохолот, ама вечерваа инсистираа, демек не сум бил маж ако не сум се напијал алкохол. Ми отворија едно пивце, го испив, второто го поделив со љубовницата, затоа реков пивце до две...
- Е па се гледа дека не си за алкохол штом од толку малку покажа 0.6. Поарно е да си продолжиш само сокче да си пијаш, еве ти ја возачката и собраќајната и поќе да не те запрам во ваква состојба, јасно!?
- Се разбира господине, фала пријатно.
Му ја здувнав и дирек во малскиот биљард клуб што работеше нон стоп, а беше во склоп на кооперација.
- Абе ко зајак пред пушка куртулив, ме пуштија џандарите...неееееееее, не пијам поќе, дај две пива големи дојси од долу од коперација и поќе не пијам...
И стварно, од тогаш не пијам кога возам. Се паркирам, се напивам и продолжувам со возење...
Мајтап на страна, озбилно, години поминаа од тогаш, ама во алкохолизирана состојба не возам. Пијам кога имам некој со мене што ќе вози, трезен...
Три пати куртулив, доволно е...не сум јас чорбаџија казни да плаќам.