Автор Тема: BMW 320d e46-Замаец  (Прочитано 3419 пати)

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
BMW 320d e46-Замаец
« на: 11 Февруари 2013, 23:01:53 pm »
Се работи за BMW 320d 2000-та 136кс. Тресе при тргнување под мала и не толку мала гас. Кога е донесена колата на сервис кажале дека замаецот е оштетен најверојатно од шлајфување.

Е сега ме интересира нов, стар, од каде, колку, се поправа ли стариот итн. Секоја информација е добредојдена  :)

п.с. BMW-то е на другар кој не е член на форумов ама ќе си добие линкче и ќе ја следи темава, се надевам ќе му помогнеме  8)

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: BMW 320d e46-Замаец
« Одговори #1 на: 11 Февруари 2013, 23:19:24 pm »
Нов кај нас е окулу 600 евра LUK сет (замаец, потисна, ламела и лагер)
Јас не би го советувал да зема половни бидејќи нема да биде 100 евра целиот сет па да заштити нешто, бидејќи пак може да му тресе а ќе потроши 200 евра и пак ништо.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: BMW 320d e46-Замаец
« Одговори #2 на: 11 Февруари 2013, 23:25:15 pm »
само комплетче,никако половен

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: BMW 320d e46-Замаец
« Одговори #3 на: 11 Февруари 2013, 23:37:43 pm »
Dual mass замајци имаат овие, т.е дводелни со федери кои што се разлабавуваат и тропаат? Ако се такви нема поента да се зима половен...

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: BMW 320d e46-Замаец
« Одговори #4 на: 11 Февруари 2013, 23:38:56 pm »
Афериииим...600 евреи...машала машала...ашколсун...ажгин ешек!

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: BMW 320d e46-Замаец
« Одговори #5 на: 12 Февруари 2013, 00:04:46 am »
99% ќе се зема нов.

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: BMW 320d e46-Замаец
« Одговори #6 на: 12 Февруари 2013, 00:43:11 am »
Дечки инфо 42к денари е сетот во Мегаауто партс, само нека си се јави да си праша по код на мотор дали е тој и ќе му дадат точна цена и дали го има на лагер.
Нека се јави и во Матрикс и во Крис и Том да провери дали има, плус нека види во грција колку е.

Отсутен otrakan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 281
Одг: BMW 320d e46-Замаец
« Одговори #7 на: 12 Февруари 2013, 01:20:45 am »
Јас знам дека може да тресе од потисна.Смениси сет потисна ламела и друглагер и уживај,коштаат околу 12000-15000 зависи од фирмата
;)

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: BMW 320d e46-Замаец
« Одговори #8 на: 12 Февруари 2013, 08:34:46 am »
Точно така кај обичен замаец тресе од потисна или од ламела, ама кај заамец со дупли маси тресењето доаѓа од замаецот обично тој се олабавува, се јавува голем агол на слободно заротирање. За секој тип на возило има пропишано колку може да биде слободниот агол за завртување.
Може да тресе од потисна кај овие возила само ако во случај се деси да пукне па од тоа да се јави тресење.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: BMW 320d e46-Замаец
« Одговори #9 на: 12 Февруари 2013, 09:50:55 am »
Вибрации, тресење итн.. може да се јават од повеќе работи. Додека не се извади замаецот и ламелата, се ќе бидат само претпоставки. Си има колку толеранција на слободен од треба еден исправен замаец да има.

п.с. доколку е замаецот, ете ви ја причина зошто дизелите не се предвидени за нагли стартови, тркање и слично. Ваква промена и ќе ги изгубите сите пари што сте мислеле дека ќе ги заштедите.

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: BMW 320d e46-Замаец
« Одговори #10 на: 12 Февруари 2013, 09:57:52 am »
Замајци со дупли маси не се користат само кај дизел возила туку и кај бензински, не страдаат највеќе од нагли стартови бидејќи тие се сведуваат на многу мал број во однос на извозените километри и поминати работни саати. Највеќе страдаат од времето на експлоатација, тој има задача да ги придуши сите мали а и големи вибрации што ги произведува моторот со својата работа, без притоа да бидат пренесени кон менувачот, а исто така и ги ублажува повратните удари од менувачот.
Овој замаец ја има истата функција како ламела со прижини, само што е увеидено доколку се стави замаец со дупли маси придушувањето на вибрациите е поголемо одколку ако се вгради ламела со пружини.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: BMW 320d e46-Замаец
« Одговори #11 на: 12 Февруари 2013, 11:23:59 am »
Da i za ist vrtliv moment se vrsi podobro prigusuvanje. Baska vozenjeto e pokonfortno so takov.

Нов кај нас е окулу 600 евра LUK сет (замаец, потисна, ламела и лагер)
Јас не би го советувал да зема половни бидејќи нема да биде 100 евра целиот сет па да заштити нешто, бидејќи пак може да му тресе а ќе потроши 200 евра и пак ништо.

Delot e preskap za Evropjanite a kamo li za nas. Go ima i na benzinci i toa pomokni. Nekoi ke spomne deka ima zamenski set so normalen zamaec i lamela so federi, no pri zamena na dvomasniot so takov menjacot stanuva konsumativ i brzo se rastropuva.

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: BMW 320d e46-Замаец
« Одговори #12 на: 12 Февруари 2013, 21:05:13 pm »
Фала дечки за информациите !  :)