Со Renault Clio 182 Trophy, Renault Megane RS, Ford Focus RS mk1, Mini Cooper S...
Со новото Мини С никако, Интеграта е каде каде повозачко ауто од Минито.
Едно е хот хеч како Голф ГТИ (поновиве, за кецот појма неам каков е за возење) и компанија, каде се прават компромиси, а кај новиве и глупите норми за екологија, безбедност и слично.
Според мене Интеграта е поблиску до Лотус отколку до Сивик или Голф.
Иначе Интеграта на времето си коштала поприлично, не била ефтина кола. И најмалце битно е дали се стари или нови, али од новиве коли што може денес да се купат мислам дека најблиско чувство до Интегра би ми дале некој Лотус и оние КТМ, Атом, Катерам и слични. Секако Интеграта во споредба со нив е возило со многу компромиси, али фидбекот, седењето и седиштата, недостатокот на изолација, малата килажа, моторот, суспензијата и геометријата се со многу малку компромиси за разлика од хот хеч компанијата. ЕП3 за мене е мнооогу помалку забавен од Интегра, сум ги возел двете, дури и се мислев што да купам се додека не ги пробам.