Колегата S16 е во право - ако премногу често организираме официјални настани, на луѓето брзо ке им се здосади, и ќе престанат да доаѓаат. Нашата замисла е да организираме официјални настани еднаш месечно - некаков собир, некакво возење, дружење, итн. Официјалните дружења, можеме подобро да ги покриеме, и подобро да ги организираме. Официјалните собири ќе бидат и објавени на веб-порталот на Авто+, итн.
Одењето до Маврово можеме да го сметаме за генерална проба за поголемо возење до некаде, и да знаеме каде сме згрешиле за подобро да бидеме организирани следниот пат. Можам уште сега да најавам дека планираме уште едно возење за до крајот на Јуни (најверојатно Недела, 26ти Јуни), за кое ќе ни биде потребна помош од доброволци при организација, и можеби и членови кои не се од Скопје за избор на дестинација.
Организирањето на официјален настан бара малку повеќе време и внимание. Треба да се избере локација, термин и место. Сепак, каде и да одиме, ќе треба да се обезбеди паркинг за 30-тина возила, а за тоа би требало да ни помогне некој кој можеби живее локално.
Глобално, импресиите од Маврово се навистина добри, и кај нас само се јави желба за уште поголеми и поинтересни настани. Благодарам на сите што дојдоа, и благодарам за коректното однесување и возење во колона.
Секако, сите тие што сакаат да се дружат и да се собираат, слободно можат.