За наследникот на Калибрата се нагаѓа веќе некое време, а последниот трач вели дека автомобилот ќе се најде во продажба на почетокот на 2013 година и ќе биде граден на платформата на Опел Инсигниа.
Во превод тоа би значело, ако извештајот се покаже како точен, можеме да заборавиме на посакуваниот надворешен изглед кај новата Калибра. Тоа всушност би требало да значи дека новата Калибра ќе биде Опел Инсигниа без еден пар врати, бидејќи веројатно ќе се користи истиот интегрален погон, како и 2.8 литрениот турбо мотор со 325 KS i 435 Nm.
Бидејќи ова нагаѓање засега ни оди одлично, тогаш ќе претпоставиме дека новата Калибра воопшто нема да се вика Калибра. Исто како и што наследничката на Вектра не се викаше Вектра туку Инсигниа, па така очекуваме дека новата Калибра ќе се вика Инигниа Купе.
Само нека наликува на концептот GTC и веројатно никој нема да се буни.
[датотека избришана од администраторот]