Потикнат од друга тема, вчера малку истражував ама неможев да се снајдам, па ако може некој да ми помогне.
Јас имам кровни носачи марка Кам, тие се универзални и пасуваат на повеќе возила, јас ги земав за Тојота Аурис 2007 година со 5 врати. Пред пар месеци бев до Еуростил и прашав дали може да ги рашириме да пасуваат на Шкода Суперб, се мислеа се мислеа за да ми кажат дека може да ја задржам шипката и да ми дадат други фаќалки (или како и да се викаат оние што стегаат за шасија), бидејќи овие од Аурис не одговоараат на Суперб, а вака визуелно исто изгледаат.
Барав по интернет и на веб страната на Кам, нема опција да одберам Аурис, а на страната на Туле според шифрата на "фаќалките" , вика дека на Аурис и Суперб се истите фаќалки. Па зошто не би биле истите и од Кам, кога тие па ептен универзално изгледаат за разлика од Туле кој пак вака визуелно се разликуваат од возило до возило.
Дали некој има идеја каде на друго место би можел да проверам дали пасуваат од едното на другот возило ?