Реално, цените на горивата ги диктира цената на нафтата на светскиот пазар и курсот на доларот, не е до државата инаку пред избори ќе ги спуштеа цените, ОСВЕН акцизата на дизелот што ја покачија (демек еколошка такса) некои 5 денари.
Поврзано со горива/енергија: Ние како држава го ебавме ежот кога се откажавме од Турски тек (за да пропалитетите на власт се додворат на американците за да ги инсталираат тука кај што се), ќе имавме повластена цена на гас (колку и да се качи на светскиот пазар) и плус ќе прибиравме годишна такса (десетици милиони евра). Плус се залетаа властите ќе го затварале РЕК Битола, ќе сме се префрлиле на зелена енергија, а од РЕК ни е 50-60% од струјата, а сега најавуваат увоз на јаглен од Косово за 50 мил евра (кој пак е побогат со сулфур и повеќе загадува), наместо да инвестираа во механизација за ископите и во нови ископи.