Се е поскапено само горивата се воглавно иста цена едно 15 години. Негде 2009та литар бензин беше 90денари а просечна плата не беше ни 20к. Кога тоа го преживеавме, денес е полесно
девет илади беше плата тоги, просечна.
Убави времиња, тек завршен средно, Мало еспресо со родео меко на парче земени Отварам огласи во весник,звонам на првиот, реномирана фирма бара работници за на терен, плата по договор. Влегвање в секта дирек. Кирби.. Најмачниот месец во животот ми беше за 9500 да земам..
Легна плата, истиот ден отказ си дадов.
Sent from my iPhone using Tapatalk
Ме насмеа.
Само јас имам позитивно искуство со Кирби изгледа.
Прва година факулет, со цимерите рентавме стан, ама немавме правосмукалка.
А двајца имавме долги коси, па го гребевме тепихот кога требаше да чистеме.
Еден ден дојдоа од Кирби да ни продаваат парвосмукалка.
Седна човекот, виде колку е саатот, дека бизнис нема кај нас.
Му направивме кафе, му понудивме домашно црвено вино, и он не остави да исчистиме цел стан.
Уште 2 пати дојде човекот до крајот на годината.