После наводниот проблем со свеќицата, се отвори деклата, а под неа излезе крокодил (Скршен клип)

Скршено парче од клипот и разнесено низ цел мотор. За да биде уште полошо, излезе и диносаур (Завлечен цилиндар)

Немам слика од главата, меѓутоа клипот во ниту еден момент не излетал и не удрил физички. Оштетувањата се само по ѕидот. После консултации со Revlimit и долги пребарувања по интернет, како од оштетената свеќица, така и од вакви случаеви како мојот, заклучокот е дека проблемот лежи во горивото - потполно се поклопува со она што го имав. Се додека имав грчки бензин во колата (ЕКО 100октани) немав никаков проблем. Со нашиот, се јавуваше и она, Spark Ping, па потоа Missfire...ајде, дотраени свеќици и сменив нови, меѓутоа настана ова.
Благодарение на Зеро, стапив во контакт со Макпетрол, се извршија испитувања на горивото, како од пумпа, така и од мојата кола...од пумпа наводно им покажало над 100окт, а кај мене од кола 100.3 со тоа што, ниту јас, ниту технологот не добивме дозвола да присуствуваме на испитувањето. Меѓутоа ми е доверена една „тајна“ (веќе не е тајна) - Макпетрол увезува 98 октанско гориво, и потоа со Octane Booster-и го прават 100!
Што е проблемот? - Во Грција, моментално само ЕКО произведува чист, 100 октански бензин, директно од рафинерија, без примеси и адитиви. Адитивирањето за да има повеќе октани по RON стандардот, само го прави неквалитетно горивото. Технички, исто количество на Етанол имаат и 95 и 100окт горивото, значи користен е Тоулен, што го прави нестабилно. А и горивото не им е од ГР, туку од друго место, во ГР не се произведува 98 октанско гориво повеќе
Тука во предвид, покрај RON доаѓаат и МОN (Motor Octane Index) и AKI (Anti Knock Index - (RON+MON)/2), во нешто, грчкиот бензин е подобар и постабилен, немаше нокање 2 дена, со крвничко гнавење. MON е обично стално околу 10 пониско од RON, меѓутоа можеби адитивирањето повеќе го афектира RON отколку МОN, па горивото има помал AKI
Засега тоа е тоа, порачан е скоро нов мотор од удрен GP Abarth, со 15 000км. ECU-то е испратено во Revlimit, да се промени палењето, да биде соодветно за 95 октани, за да не фрлам мотори на секое (Yes, ќе се изгубат 5-10 кс, меѓутоа овој мотор има појаки брегасти, па ќе се компензира)
Со МП планирам да одам до крај, ако треба и суд и адвокат и проценител, само да излезе правдата на крај, јас сум цврсто убеден дека горивото не им чини! Класичен Engine Knock
Тоа е тоа, замина перфектен мотор, повеќе шит во следната епизода
PS. Стариот мотор, зависно од финансии ќе биде спреман за 400кс