Значи нема збор во тоа дека не држи Аудито добро, но муабетот е дека држи Голфот подобро, има 26цм пократко меѓуоскино и доста пократки превеси напред и назад така да ништо чудно во тоа. Би рекол дека Голфот и сите коли од таа класа се некој компромис за агилност по кривини и стабилност на поголеми брзини. Како пример би земал дека на подолги релации иам возено А4 2.0 ТДИ(ептен подолги

), А6 3.0 ТДИ 224, Голф 6 2.0 ТДИ, Ибица 6J 1.4 и од сите овие Голфот е идеална средина. Аудито е далеку поудобно и полуксузно, но кога е во прашање агилноста и држењето во кривни неможе со Голфот зошто едноставно е доста потешко, подолго и се по што никако не придонесува за поминување со што поголема брзина во кривина. Иако на право 3.0 ТДИ е вистинска ракета сепак во кривини тие 450кг + се осеќаат и тоа како. Ова е барем мое мислење што сум го увидел при возење на некој од наведените коли.
Исто така како пример што сведочев е и возењето на голфот на Томи Голф 5 ГТИ ЕД30 на патот Велес- Неготино, кој на кривина на автопат при брзина од 240км/ч е исклучително стабилен и менува ленти како по шини. Јас возев зад него така да кажувам како изгледаше од надвор.
Еве јас и денеска го возев Плетвар малце побрзо по кривините нагоре, иако никаде не пушти колата и држи одлично спрема тоа каква и е намената, сепак се осеќа дека има 281цм меѓуоскино,