Стартот на Алонсо, маестрален. На Вебер, Грожан и компанија, очаен. Се покриваа меѓу себе и го оставија Алонсо по идеалната линија низ прва кривина. Фетел исто се заеба, ама се извади со тоа што реши пошироко да ја фати првата кривина.
Мерцедес не можеа полоша тактика да направат. Не беше возможно. Решија да го следат Фетел со невлегувањето во бокс и наместо да нагазат после како него, они чуваа гуми, за пак да влезат во бокс во исто време со него. Гумите неискористени ги сменија, и на крај ставија средно меки гуми, кога требаа да бркаат позиции. Тотално несватлива ми е тактиката. Што пробуваа да постигнат. И Розберг се бунеше преку радио, дека нема никаква логика тоа што го направија.