Истиот ден ми умре едната баба, беше Велигден.
Иначе таа сезона лошо започна за Сена, премногу форсираше и не заврши ниту една од трките, Шумахер беше недостижен.
Претходната сезона Прост ја освои титулата со Williams, Сена тоа лошо го поднесе и често коментираше дека со електронските помагала кој ги имаше болидот на Williams секој можел да победи и воедно беше противник на истите, но тука е парадоксот, 94 та инсистираше да вози во Williams по секоја цена, Prost ја заврши кариерата бидејќи едноставно не беше возможно да возат повторно во ист тим, беа банирани поголемиот дел од електронските помагала, болидите станаа тешки за управување и се деси кобната несреќа. Од наредната трка Фиа донесе неколку правила со цел успорување на болидите.