Напомена: Не го кажувам ова како фан на Ферари,или затоа што победи Кими. Имам пишано порано дека од сите активни возачи моментално баш тој најмногу ми лежи на срце.
Мене не ми се допаѓа фактот дека гумите и тактиката околу нив ја играат главната улога,можеби дури и повеќе од минатата година,а помалку способноста на самиот возач,па и болид.
Ф1 треба да претставува возење до лимит и поместување на истиот од круг во круг.Цела трка возење до максимум-од почеток до крај.Не за џабе и самиот Кими рече- Најлесно добиена трка.
Не сакам да гледам трки со "возачи кои знаат да ги чуваат гумите",сакам да гледам трки со возачи кои губат по 2-3 кила за да возат цело време на граници на возможно терајќи го и болидот и себе до макс.