Пишав јас во текстот за на портал дека Форс Индија повеќе не е изненадување, а Торо Росо, пред се Рикиардо и те како си прави поени за евентуален прелаз во Ред Бул, одлични резултати вади со тој болид.
Лотус навистина разочарува, згора на се си отиде Џејмс Алисон, кој што беше технички ли не знам точно каков директор, а играш доста битна улога во тимот. Не верувам Кими да остане во Лотус, сите го знаеме Кими како возач кој што вадел најбрзи кругови и си обезбедувал пол позиции односно стартни места од предните редови, со овој болид тоа не го може и жално е таков возач да вози слаб болид и да не може да се бори за титула.
Иначе пред некој ден ја спомнав новата фризура на Кими, типот не ја симна капата, гарант на кладба изгубил или дур бил пијан се ишишал.
