Уште не можам да поверувам дека 1.6 ќе се користи во Ф1.
Многу идолатрично и се клањате на кубикажата. Од моторот се бара да има такви-и-такви својства, да пружа толку-и-толку снага на толку-и-толку вртежи. Со колку кубика ќе се постигне тоа и со каква боја на каблите од свеќиците е од ефемерно значение, несуштинско.
Гледање само на кубикажата, кубикажата та кубикажата, а притоа игнорирајќи ги другите инженерски дострели мене ми е глупо.
Пред 70+ години болидите имале 6.0+ литра мотори, па спа ја проаѓале за 3 и кусур минути. А сега рекордот на Спа го држи фетел со в8 мотор... а колку ли само плачки имаше кога од в10 прејдоа на в8
истите плачки се и сега. Ич да не му ја секирате, луѓето кои го водат овој спорт многу подобро од сите нас тука знаат шо треба да се прави. Чим они рекле 1.6т со керс, сигурно напраиле „математики“... не се луди да го уништат спортот.