Предложете буџет акумулатор, глава ми штукна деновиве барајќи и обидувајќи се да најдам неколку убави зборови за некој(еден) бренд.
Monbat, Rombat, Vesna, Black Horse итн. (нека не ми се лути ако некој испуштив) и така во круг 2 дена.
Ваше искуство ќе биде пресудно претпоставувам да пресечам во изборот, не мора да е од горенаведениве, на тие наидов во мојава потрага деновиве
Јачина 66+ Аh(75Ah мислам идеално дека е), не би земал помал сепак за дизел возило се работи (HDi) а и годините го газат, па можеби има скриен потрошувач.
буџет +- 50€
Благодарам.
И да имам најлошо искуство со некој бренд, би ти го препорачал него заради добриот сервис.
Нов производ како ќе ти се погоди. А сервисот мора да е добар, зошто зад гаранцијата стој баш тој.
Би ти препорачал Monbat баш заради сервисот и најкоректниот персонал во сервисите со кои сум се сретнал во оваа наша недојдија. (Не заради тоа што неини него на Спаркот 8 години тераше Monbat и земав повторно ист. Еве 3та сезона ке тера сега

D се надевам дека ке истера барем 2/3 од првиот

)
Доколку имаш некоја шушка повеќе, купи си Duracell, во спротивно земи го Monbat.
Ако зборуваме за лично искуство, до сега во моиве 25 години возачка кариера најзадоволен и најдобро корисничко искуство сум имал со VARTA, но никогаш не сум имал потреба од било каков сервис за истите.
Најлошо искуство сум имал со Топла, било да е за сервис или за корисничко искуство.
Во моментов да треба да бирам, би ја одбрал Duracell, кажав погоре зошто.
Втора опција би била повторно Varta но на среќа, како досегашно искуство
