Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Ова изгледа ветувачки, гледам Autoland веќе имаат инсталирано еден ваков во некоја А8ца. Работи на тој начин што во неговиот софтвер ги знае скоро сите ласерски радари и не дава генерички ерор код според кој џандарот ќе види дека користиш џамер туку познавал кој модел на ласерски радар те пука па соодветно на тоа дава некој код дека воопшто не гледа кола.Интересно е што има УСБ порт преку кој може да се апдејтира датабазата на ласерски радари, за стално да е up-to-date.http://www.blinder.net/
кад тад ке се заинати некој и ке му стигне казна со кривична пријава... новите радари (ко телескопи што се), воедно се и радари и фото апарати со ептен јака пикселажа 9немам појма која, ама многу е)... ке го фати некого инат од полицајциве и додека гледа низ радарот, ако му пишува нула брзина а ја гледа колата може и рачно да го сликне, па според таблицата да го најдат... е тогаш го наебал.
еве што најдов во законот за безбеднсот во сообраќајот на оваа темаЧлен 410 (1) Во моторно возило не можат да се користат ниту вградуваат уредиили направи кои имаат за цел попречување на уредот што го користатуниформираните полициски службеници за мерење на брзината навозилата (антирадари). (2) Доколку униформираниот полициски службеник открие уред, односнонаправа согласно со ставот (1) на овој член ќе му нареди на возачот навозилото истиот да го отстрани, а доколку возачот одбие да го стори тоа, уредот, односно направата ќе се отстрани на трошок на возачот навозилото. значи ако доброволно го исклучиш не ти пишат казна ?
Онак, ако сакаш, и ако знаеш, кажи ми само кој член од Кривичниот законик го тангира имањето на антирадар или било која друга направа која може да пречи на ласерскиот пиштол да те измери прописно?Сам ке си прочитам за останато потоа.
Значи ова важи само за Jammer-и, а не и за радар детектори?
и да.. во законот подоле пишува и висина на казна како и кривична одговорност, бидејки тоа спаѓа под делот каде што ТИ со таков уред попречуваш службено униформирано лице во освоите работни задачи.