Погоре опишав ситуација со Мирко. И он не сака да вградува делови што ќе му донесат.
Мене ми излезе во пресрет, и откако се случи заебанцијата со неадекватниот друк лагер, сто пати ми повтори дека поради такви заебанции инсистира негови делови.
И неговиот дел ќе беше грешен, освен ако го извадеше па одеше со него да пазари ама колата пак ќе го држи каналот.
Ама до некаде се во право шо не работат со туѓи делови пошто во мнозинството од случаевите газдите ќе земат грешни делови или продавницата ќе му подметни,
и ќе го убедуваат после да ги напасира.
Треба ептен да си ја знаеш колата, како месецот на производство и други детали пошто тука лежи ѓаволот.
Мене впродавница сакаа да ми продадат за ауспухот 2 исти држачи пошто така по шасија му ги дава, т.е само еден тип, а знам дека се два различни со минимални разлики,
и вториот од друго место го зедов.
Којзнае каде е наредно, јас повеќе верувам дека не е од фабрика, туку отпосле матено/импровизирано.
Мирко си има прилично делови на лагер, па и доколку немал, побрзо ќе го најдеше потребниот дел отколку што јас изгубив рекламирајќи во продавницата , па држ недај, такси, назад кај Мирко дека сетот е по каталог, па назад до продавница со лагерот од колата, па назад со продавачот кој требаше да затвори дуќан, а не можеше веднаш, за на лице место да се увери...
На крај ламелата нитувана од кај Мирко, потисната немало потреба да се менува, лагерот го имаше и Мирко, но сепак од продавницата за да има и тој нешто промет на цела ујдурма.
Што се однесува до коментарите за цени од Грчка или Србија, повторно доаѓаме до ситуација слична на онаа со
@riki_staff Лесно е да се дрнда натепале цени. Ако не ти се допаѓа маржата, запали кола, купи си, смени си. Па можеби и ќе станеш прочуен преку форумов и ќе си отвориш и сервис па наплаќај без маржа деловите и покриј ги давачките кон државата.
Можеби има некои што претеруваат, не дека нема, ама па лесно се заобиколуваат.