Голфчето го продадовме па сега сме во потрага по друго возило за татко ми па вака: буџетот би бил до кај 6000 евра а татко ми сака џип или кола со 5 врати а пожелно е да е караван пошто му треба гепек со тоа работи, и голфот вршеше работа ама едвај. Е сега џип некои еве фриленднериве му се свигаат се наога и до кај 4500 евра дизел ама па не ги фалат некако, а друг избор е ауди а4 караван 1.9тди ги има неколку по 5800 им бараат што значи ке се најде до 6000 комплет да искочи. е сега ме интересира одржувањето понатака како би било кај овие мотори конкретно јас повеке сум за аудито како стои со цени за одржување и слично и коа ке идам да го купувам на што би обрнал највке внимание и дали тој мотор 1.9тди 131 кс има некоја маана?