Ви го претставуваме Easy Drift, идеално помагало за тренирање на сигурно возење и лудо уживање во бескрајното дрифтање.
Самото име кажува сè. Easy Drift DTS прстените за гума се наменети за користење во тренинг центри, а моментално се користат за обучување на полициските службеници низ Америка. Easy Drift DTS се состои од два прстени кои се направени од тврда пласика која се вградува преку задните гуми.
Easy Drift DTS
Со разните унапредувања самиот производ сега е поедноставен за изградба и отстранување после завршувањето на обуката со оглед на тоа дека се работи за инсталација на посебно парче пластика која се монтира на задните гуми. Освен тоа, инженерите на Easy Drift DTS ги минимализирале непосакуваните ефекти како што се вибрации и тресење додека возилата за обука се лизгаат или дрифтаат на површина.
За вградување е потребно да се извадат задните тркала и малку да се испушти воздухот од гумите, да се стават пластичните прстени околу нив и тоа е тоа. Екипата од Easy Drift вели дека за целата постапка се потребни само три минути.
Not a valid youtube URL
"На почетокот нашиот DTS се вградуваше на возилото со користење на сапун, вода и прилично голем чекан", вели Луис Калард од компанијата Easy Drift. ''Денес вградувањето е многу поедноставно, а потребен ви е мал компресор и гуми и мошне малку работа. Тоа е голема предност за обучните центри со голем број курсеви и студенти", додава Калард.
Easy Drift Driver Training System (DTS) е смислен да им помогне на инструкторите по возење да ги воочат слабите точки на возачите, на пример послаба координација на очите, рацете и нозете, што е всушност основен предуслов за сигурно возење.
Easy Drift програмата е прикладна и за напредни возења при поголеми брзини и мошне добро ги стимулира вистинските услови на патиштата додека истовремено не ја оштетува возната површина и не предизвикува трошење или оштетување на автомобилот што најмногу се однесува на менувачот, суспензијата и оската. Оваа програма е одлична за обучните центри со мали површини за тренинг и може да се одвива во било какво временски услови.
Not a valid youtube URL
Ова нам ни изгледа како врвен производ за тренирање на дрифтинг и уживање во лудории. А ако не мислите постојано да ги носите гумите по вулканизери и постојано да купувате нови, ова може да биде идеалната работа.