Автор Тема: Развивање на максималните вртежи при максимална брзина?  (Прочитано 3951 пати)

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6919
  • French diamond
Од што би зависело најмногу оваа работа, од јачината на моторот, од истрошеноста на моторот, дали повеќето коли би ги развиле максималните вртежи на максимална брзина со мало отсапување од 150-200 втрежи? или некое ваше искуство со ова...
ја отворам оваа тема пошто повеќето коли што ги имаме му треба долг пат, кој во некои делови на МК скоро да го нема, за да ја развијат максималната брзина, па да би имале некоја претстава колку би оделе ако на пример при 170км/х колата е на 5300rpm, а е ограничена на 5900rpm. се надевам дека се разбираме до негде  :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55048
  • Махер
Ако имаат толку лош менувач да уствари си ограничен од него, браво за колата. А може и на разбрав што кажа, точно.
На пример 1.4 ТСи во последна брзина е на околу 2500 вртежи при 120, што според мене е оптимално, а убаво би било и пониско. Е сега при 5000 вртежи таа кола ќе оди 240 и на црвено 7500 ќе оди 360. Во теорија. Но, во пракса не би било така. Зошто потребно е да се користи ефикасен дел од вртежите за реални услови.

Со други зборови, ако си стигнал до крајни вртежи во последна брзина, нечини мењачот.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6919
  • French diamond
Ако имаат толку лош менувач да уствари си ограничен од него, браво за колата. А може и на разбрав што кажа, точно.
На пример 1.4 ТСи во последна брзина е на околу 2500 вртежи при 120, што според мене е оптимално, а убаво би било и пониско. Е сега при 5000 вртежи таа кола ќе оди 240 и на црвено 7500 ќе оди 360. Во теорија. Но, во пракса не би било така. Зошто потребно е да се користи ефикасен дел од вртежите за реални услови.

Со други зборови, ако си стигнал до крајни вртежи во последна брзина, нечини мењачот.

немам стигнато до крајни вртежи пошто прво нејќам до толку да ја форсирам, а и во околината моја нема таков пат на кој би можел да ја достигни максималната. зато и ја отворив темата, да видиме искуство да не има некој, колку вртежи му развива колата во место,а ако има постигнато максимална брзина колку биле тогаш вртежите, па да би имал/е отприлика претстава која би била максималната брзина на нашите возила. инаку лично кај мене исклучва точно кај што почнува црвена зона, не ни влегва во неа.

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
обично претпоследната брзина на максимални обртаи е приближно со максималната брзина на возилото....

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20699
Отприлика 205 км/ч според километража, на нешто пред 6000 rpm. (Mitsubishi Lancer 1.5)

Не сум отерал во црвено до сега (од 6500 па надаље :))
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Bad-Gamer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 430
  • Тркач! Брм брм!
    • Официјален сајт на АКК „Никола Карев“ - Скопје
Seicento e ograniceno najverojatno i bilo pravo, nagornina ili nadolnina vo 5-ta odi do 5.000rpm odnosno 175km/h po mojata kilometraza, a pak Clio vo 5-ta na 6.200rpm odi 220km/h, a the old gazdata vika deka go vozel 240km/h, Yugoto pak na Vidikovec odi 4-ta so 13/53 deferencijal na 5.700rpm, a na pravo do 7.200rpm, Ibizata ima krajna od 205km/h na 4850rpm, odnosno imase, se poremeti posle 2-3min na taa brzina i vekje neodi tolku!  ;D

Vo princip maksimalnata brzina najlesno se prepacunuva so maksimalnite vrtezi vo liniska brzina (nekoi koli imaat povisok prenos nego potrebniot) i vrednostite od menuvacot odnosno prenosot, taka da koga nekoj ke vi kaze deka go nabildal motorot od 150ks na 230ks i kolata potoa namesto 220km/h odi 280km/h znaete deka e kompletna i neosnovana laga i moze slobodno da mu se iznasmeete vo faca so kejf!  ;D
No more Project Seicento, it is gone forever... :cry:
Race Project Yugo 1150ccm3 - Gr.A so aneks - Nacional Class :)
New Project Clio 2.0 16V Sport is here, going on... :P

Just do it! :P

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7690
  • Хорска Секција
Забрзувањето и максималната брзина зависат од карактеристиките на моторот и карактеристиките на преносот. Притоа максималниот број на вртежи не треба да игра никаква улога за постигнување на крајната брзина. Или како што кажа Дени, ако случајот е таков тогаш дефинитивно преносните односи на менувачот се несоодветни. Зошто? Затоа што максималната снага на моторот никогаш не се постигнува на максималните вртежи.

За тркање оптимално прилагоден однос на последниот степен од менувачот е оној при кој максималната брзина ќе се постигне при максималната снага на моторот. Но за цивилните возила максималната брзина е ограничена на помала снага од максималната поради:
- Економичност. Обично вртежите при кои моторот е енергетски најефикасен поставени се на брзина од 110-130km/h во последниот степен.
- Максималната брзина е компјутерски ограничена поради останатите својства на возилото какви што се: каросериска издржливост, стабилност, моќност на кочници, издржливост на преносот и осовините и др.

Како пример ќе ја наведам мојата Мазда 6, каде максималната брзина е компјутерски ограничена на 198km/h, исто како и максималните вртежи на 7300. Над 7300 вртежи компјутерот го ограничува дотокот на гориво во дизните. Истото е и при брзина од 198km/h и покрај тоа што возилото до црвената линија може да развие 240km/h. Таа граница од 198km/h не е толку драстично прецизна, па може да се постигне и малку поголема брзина. Јас имам постигнато 208km/h, но над 200 убрзувањето е многу споро. Направив неколку модификации на моторот па така полесно се поминува границата на 200. Во гаража се наоѓаат деталите околку модификациите и забрзување до 208km/h: http://www.carclub.mk/index.php/topic,103.0.html. Забрзувањето е направено со цел тестирање откако го поместивме палењето за 4 степени понапред, па затоа и менувањето на брзините е полагано. Направено е со зимски гуми двајца патници и натоварен гепек со глупости плус 64 литри полн до врв резервоар. Инаку кога "тркачки" би ги шалтал брзините и кога би го одстранил додатниот товар сигурно ќе се постигнат подобри времиња.
« Последно менување: 27 Април 2011, 09:36:59 am gOJDO »
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34146
  • Таков е животот... јебига
Во принцип ако добро ти го сфатив прашањето, од што зависи постигнувањето на максимален број на вртежи во највисока брзина:
1. Најбитен фактор (и најреален) е јачината на моторот. Потрбна е многу сила да моторот во петта брзина развие 200-240 км/ч при 6000 вртежи (под претпоставка дека е тоа максимумот)
2. Отпорот на воздухот го прави своето. Кога не би постоела атмосфера, речиси секоја кола би можела да го постигне тоа.
3. Пропорцијата на пренос на петтата брзина (под претпоставка дека има 5 брзини менувачот). Доколку е доволно кратка, ќе се фати исто како да постигнеш максимална брзина во трета брзина. Доколку е многу долга ќе се чини како шеста брзина.

Значи стварта е во пропорцијата на преносот, моќноста на моторот и отпорот на воздухот и патот. Тие три фактори се решавачки.