Забрзувањето и максималната брзина зависат од карактеристиките на моторот и карактеристиките на преносот. Притоа максималниот број на вртежи не треба да игра никаква улога за постигнување на крајната брзина. Или како што кажа Дени, ако случајот е таков тогаш дефинитивно преносните односи на менувачот се несоодветни. Зошто? Затоа што максималната снага на моторот никогаш не се постигнува на максималните вртежи.
За тркање оптимално прилагоден однос на последниот степен од менувачот е оној при кој максималната брзина ќе се постигне при максималната снага на моторот. Но за цивилните возила максималната брзина е ограничена на помала снага од максималната поради:
- Економичност. Обично вртежите при кои моторот е енергетски најефикасен поставени се на брзина од 110-130km/h во последниот степен.
- Максималната брзина е компјутерски ограничена поради останатите својства на возилото какви што се: каросериска издржливост, стабилност, моќност на кочници, издржливост на преносот и осовините и др.
Како пример ќе ја наведам мојата Мазда 6, каде максималната брзина е компјутерски ограничена на 198km/h, исто како и максималните вртежи на 7300. Над 7300 вртежи компјутерот го ограничува дотокот на гориво во дизните. Истото е и при брзина од 198km/h и покрај тоа што возилото до црвената линија може да развие 240km/h. Таа граница од 198km/h не е толку драстично прецизна, па може да се постигне и малку поголема брзина. Јас имам постигнато 208km/h, но над 200 убрзувањето е многу споро. Направив неколку модификации на моторот па така полесно се поминува границата на 200. Во гаража се наоѓаат деталите околку модификациите и забрзување до 208km/h:
http://www.carclub.mk/index.php/topic,103.0.html. Забрзувањето е направено со цел тестирање откако го поместивме палењето за 4 степени понапред, па затоа и менувањето на брзините е полагано. Направено е со зимски гуми двајца патници и натоварен гепек со глупости плус 64 литри полн до врв резервоар. Инаку кога "тркачки" би ги шалтал брзините и кога би го одстранил додатниот товар сигурно ќе се постигнат подобри времиња.