Автор Тема: Мешање на масло и антифриз ?!  (Прочитано 9635 пати)

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Мешање на масло и антифриз ?!
« на: 22 Декември 2012, 16:33:34 pm »
Ако некој се соочил со овај проблем, или има слики од примери како изгледаат маслото, антифризот и другите работи кои го прават овај дефект заприметлив би било добро да пиши во оваа тема.

Кај мене како шо имам спомнато, имам губење на ~250мл. антифриз на некои 1 200км. Механичарите велат дека то е мала загуба и многу тешко би се открила, и дека нема мешање. Мене ми е најважно да не оди антифризот во маслото, па зато сликав некоја слика од течностите да видите и вие како изгледаат, мене ми изгледаат нормално... ама немам сретнато ваков случај, па затоа незнам како би изгледале ако случајно се мешаат.

                            

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Мешање на масло и антифриз ?!
« Одговори #1 на: 22 Декември 2012, 16:37:10 pm »
Треба да пиеме кафе,да ти објаснам шо к** кркав со првото Рено со нашите мили и драги мајстори.Кај мене антифризот го снемуваше цел во рок од 2-3 дена,никаде не течеше,не го мешаше,ама го снемуваше.И тоа се случуваше на ставен нов блок,нови клипови,карики,декли,дихтунзи и сл...Е сеа најди му го крајот.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Мешање на масло и антифриз ?!
« Одговори #2 на: 22 Декември 2012, 16:40:49 pm »
Исто и кај мене, само во помала количина. Ете сликите велат дека не меша, нема мирис во кабината и патосниците се суви т.е не би требало да е радијаторот за парното, сношти имав картон ставено кај водната пумпа сабајлето немаше ништо на него... и зато мајсторите викат дека многу тешко е да се открие толкава количина од кај бега.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Мешање на масло и антифриз ?!
« Одговори #3 на: 22 Декември 2012, 16:50:09 pm »
Губењето вода кај Цитроенчето го решив со рамнење глава и нов дихтун за истата.

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: Мешање на масло и антифриз ?!
« Одговори #4 на: 22 Декември 2012, 17:06:33 pm »
Вака се ти изгледа од сликиве ок, да знаеш поради многу влажно време во овој период може да се јави малце така како мајонез на капачето од уљето од моторот. Првиот пат јас кога видов си реков ај готов е моторов не го бива ама после ми кажаа дека можно е да се јави малце ама да проверам како е брегастата, си извади капакот и се си беше чисто (т.е. со уље немаше нигде бело), а тоа што тебе ти троши по толку може да е некоја мала пукнатина и да капе по малце на некој загреан дел и да неможеш да го приметиш бидејќи брзо испарува, мене ми се имаше случено да приметам дека фали вода а незнам од каде, дури имаше и мокро а неможеше да се види од каде. На крајот искочи дека едно црево има пукнатина помала од милиметар и само кога ептен ќе загрее моторот почнуваше од него да тече, додека си беше ладен немаше гајле исто така и во место да уклучеше перка не почнуваше само кога ќе му се дадеше малце зорт и тогаш покажуваше. Додека најдов што е месец дена ми требаше.
Ако е само 250мл течност не е толку страшно, во принцип доста е количински. Провери си секое црево за пукнатини, стеги провери да не се влажни. Кога тогаш ќе се најде.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Re: Мешање на масло и антифриз ?!
« Одговори #5 на: 22 Декември 2012, 17:15:07 pm »
Јас го имам истиот проблем и не се замарам право да ви кажам. Едно литро антифриз ми тера цела година за дотурање.

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3810
Одг: Мешање на масло и антифриз ?!
« Одговори #6 на: 22 Декември 2012, 20:25:44 pm »
I non stop si go menuvas, i konstantno si imas nov-taka i treba 8)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Мешање на масло и антифриз ?!
« Одговори #7 на: 22 Декември 2012, 20:29:32 pm »
Не за џабе има MIN и MAX...така?...Чим си во тие граници си ОК...Фабриката си предвидува вакви загуби

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: Мешање на масло и антифриз ?!
« Одговори #8 на: 22 Декември 2012, 20:38:38 pm »
Кај тебе вака изгледа се како што треба.
Кај мене вака нешто изгледаше капачката од маслото:
http://i519.photobucket.com/albums/u359/caferacervolvo/Astra/IMG-20120419-00005.jpg

На проверка под притисок пуште на дихтунгот на главата па следеше отворање, проверка на главата (не беше пукната), рамнење на истата, нова гарнитура дихтунзи комплет, итн...

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Мешање на масло и антифриз ?!
« Одговори #9 на: 22 Декември 2012, 20:59:39 pm »
@Carpatian

Не би рекол дека фабриката предвидува губење на 250мл на 1200 км.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Мешање на масло и антифриз ?!
« Одговори #10 на: 22 Декември 2012, 22:10:08 pm »
И јас не би рекол дека толку има предвидено, уствари колку шо знам не треба ич да губи. Најверојатно е како шо кажа Оги дека капи по малце само на некој загреан дел, и затоа неможи да се запримети. Инаку работи нормално, нема никакви забушавања во работата на моторот. А и нека бега по малце, не е толку битно то, колку шо ми е битно да не се меша со маслото. Друго шо сака нека биди.
Ракун му реков на двајца механичари за под притисок, ама ми рекоја не си играј ќе се за*биш појќе. Ако дојди до ептен изразено губење, тогаш ќе ризикувам, а и ќе мора да оди под притисок.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Мешање на масло и антифриз ?!
« Одговори #11 на: 22 Декември 2012, 22:11:43 pm »
Провери ги сите црева во каква состојба се,можеби некое е испукано од старост или е ‘изгорено‘ па кога е загреана се шири и линее тука.Стегите сите провери ги и сл.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: Мешање на масло и антифриз ?!
« Одговори #12 на: 22 Декември 2012, 23:03:56 pm »
Сум имал ваков проблем и јас на типото и едвај најдов од каде тече. Цревото за ладење што иде во усисна грана имало ептен мало дупче. При возење од температура цревата омекнуваат а од притисокот дупчето се шири и од таму директно на уздувна грана прскало и све одма испарува. Провери си цревата најубаво нека работи кола нека дигне температура т.е нека уклучи перката утвори хауба и со раце убаво провериги сите црева. Друго може да е дихтунгот на глава по почетна фаза на распаѓање и да пушта вода само во цилиндар

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2608
  • Custom made interiors
Одг: Мешање на масло и антифриз ?!
« Одговори #13 на: 23 Декември 2012, 01:35:20 am »
И на мене ми се намалува антифризот но си знам дека водната пумпа ми е за менување од неа ми пушта. Летно време ми се троши ептен по малко и дотирам дестилирана вода. НО чим дојде зимата и почне ладното време антифризот нагло ми се намалува и тоа за ептен кратко време и дотурам. А штом дојде ладното време капачето од уљето ми се полни со бел талог "мајонез" и мајсторот ми вика дека тоа го има кај сите чим дојде зима, тоа е поради кондензација на улето. А јас се на кратки релации ја возам колата и ми вика издуј ја на подолга релација ќе нема ништо и знам дека е така. Но по малку ме загрижува тоа бидејки ептен ного ми се полни капачето со мајонез...

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: Мешање на масло и антифриз ?!
« Одговори #14 на: 23 Декември 2012, 02:52:42 am »
Ако ти се полни многу, може да е дувнат дихтунгот, види погоре одговорот од мене.