UPDATE!
После дождовите претходниве денови приметив дека тапацирот напред пред сончевиот кров е воден, и одма напраив ЦСИ

акција да видам што е работата.
Проверив шофершајбната да не пушта ама таа испадна во ред. Следен беше сончевиот кров, после некој минут гуглање видов дека и тој имал одвод па решив да го проверам што е како е. Испадна дека од совозачката страна и предниот и задниот се запушени, така да мораше да се спреми работна акција

Предниот одовод


Задниот одвод ( некаде во темницата

)


Со предниот поминав лесно, со танка жица и малку размрдување на цревото се реши проблемот и почна да си моча ко што треба

Задниот малку ме помачи, од горната страна немаше шанси да го видам а не па да го прочистам. Од долу требаше да се вади бандажот па под крилото...многу масирање.
Реков да видам зад тапацирите дали врви цревото и БИНГО таму беше



Малку зезање со тапацирот и добив пристап, го размрдав цревото и почна да капка ама по малку. Го истргав нагоре и цела вода од цревото во страничниот џеб ми истече

За среќа пошо ако беше горе запушено немаше шанси да го средам. Го истргав цело црево и исто со жица го прочистив делот што влегува под крилото. Напраив уште една проба и се беше ко што треба.
За крај едно детално чистење му удрив на сончевиот и вратите. И сеа уште за некој 1000 километри сервис и спремен ке биде Паско за зимата
