1. Милка - единица мерка за кладби во Македонија.
2. Те чеша газето - мерка единица за ќотек.
3. Цигара - мерна единица за чекање.
4. Ти мрда опашот-единица мерка за прељубници.
5. Единица мерка за успех во Македонија: - ``ВРСКИ`.
6. За 5 минути сум тука - мерка единица дека не си ни излезен од дома ти.
7. Гладен ко куче-единица мерка за прегладнетост.
8. „Ќе те барам за на кафе“ --Мерна единица за брзо завршување на непожелен разговор.
9. "И така..." - единица мерка за немање муабет.
10. Шупраиш - единица мерка за мустаќи.
11. ОП ОП -единица мерка за доста сипаш во чашата.
12. Женски членови на потесното семејство - мерна единица за пцовки.
13. Промаја-единица мерка за смрт.
14. Што е наше ќе си дојде. - Единица мерка за надевање.
15. А штом не дојде и не било за нас. - Единица мерка за тешење.
16. Прст -единица мерка за прашина.
17. 2% ...Единица мерка за е*ење у Македонија.
18. 'Горе-доле' -единица мерка за прецизност.
19. Извини дечко... Единица мерка за викање по келнер.
20. Не ми се излага некако... Единица мерка за празен паричник .
Edit:
21. Алфа ромео автомобил- Единица мерка за сервис.
22. Опел- Единица мерка за корозија на CarClub форум.