Претходниот викенд бев во Солун, и на типот што ми го правеше гирото кога слушна дека зборам Скопјански, ми го напрај гирото потенко, ми бапна компири повеќе.
Среќа што цацики сосот беше беспари, иначе ќе ми накалемеше уште 0.5 евра и за него.
Ама фини луѓе се Грците, порано ги шкртаа колите со аутолак у спреј и пишуваа глупости по хауба и крадеа таблици, сега само ги гребат колите.
Омекнуваат. Изгледа почнуваме да им се допаѓаме.