Баци:
- Ајмоо каишеви изволте, за децата да ви бидат со сите петки, изволтеее..
Љубов... прво се плашиш од неа ко да е Мијалков, па ти доаѓа тивко ко Талат Џафери, на моменти е смешна ко Амди Бајрам, на моменти тажна ко песните на Ѓорѓи Крстевски, кога длабоко ќе навлезеш во фазата љубов се смешкаш ко Рогожаров, на моменти одлепуваш ко Иван Исцелител, па и се потчинуваш ко да е Јанкуловска. Кога ќе ти се напуни срцето со љубов се чувствуваш богат ко Минчо Јорданов, ти доаѓа да фрлиш палто ко Јонче Христовски. Кога ќе се скарате упорно звониш кај твојата љубов, ко Влатко Илиевски упорно што се тепа да победи на секој фестивал. Од што ти е толку убаво заљубен се збуцкуваш ко Цаци К15, На крај од што не ти се верува колку ти е убаво ти иде да се полиеш со вода ко Драган Вучиќ и да бидете неразделни со твојата љубов ко што се неразделни веѓите на Марјан Стојановски.