Деновиве малку бевме на мајстор заради едно вакво што ме нервираше секој пат кога ќе тргнев некаде со неа:
Се појави зимоска па на -20 стругав и мачкав со основна боја за да не се прошири до пролет, и еве дојдоа суви денови па решив да го однесам да се среди.
Немам слика од претходно затоа што не ми текна да сликам. Ама еве како испадна на крај:
И тука има нанесено некоја сива заштита, немам појма што.
Во меѓувреме попрскано со кобит од внатрешната страна на критичните места.
Зафатот чинеше 2000 денари, на божемски ми го наплати само материјалот, а работна рака е гратис. Незнам дали ме закрпи или не (затоа што стварно немав време да се акам по продавници па да пресметувам со материјали, а не е ни многу битно), битно нека тера уште некоја година па може да иде на целосно префарбување во CW ако се најдат финансии за тоа.