значи вака решив на мојов автомобил peugeot 206 1.9D ( мотор со ознака dw8 ,обичен дизел без турбо ) да ставам турбина ( најверојатно ќе биде од некој дизел автомобил со слична кубикажа , како на пример 1.9tdi,1.8tddi,1.7cdti,2.0hdi и сл зависи што најдам ) е сега еве кои се моите планови и имам и неколку прашања
1.да набавам турбина и да ја средам граната да пасува на турбото ( ова и не е толку слжено би го направил некој кој се занимава со ауспуси и сл. )
2.да набавам интеркулер ( од каде мозам да најдам и од прилика која цена ) и да се смести таму пред хладњакот
3.колку што гледав на интернет, на овој мотор ( dw8 ) кој е без турбо , и на моторот 1.9td ( xud9 ) кој е исто така од peugeot само постара генерација ( dw8 e наследник на xud9 само без турбо ) компресијата на првиот е 23:1 а на вториот 22,3:1 значи скоро иста е и мислам дека тука нема да има потреба од никакви модификации
4.турбината планирав да ја наместам најмногу на 0.5-0.6bar
5.и ставање на црева филтер за воздух и сл. пропратни работи кои не се толку комплицирани
значи еве ги сега моите прашања
1.Дали треба уште некој додатен дел со кој би го контролирал притисокот на турбината , или го има на самата турбина , и ако го нема кој е тој дел и ако може некоја шема на поврзување на турбото и како се контролира притисокот ?
2.Дали ќе треба да правам некои мофификации околу бош пумпата или електрониката и што би било одприлика тоа ? ( значи на интернет гледам мерцесед 123ка 300Д ставена турбина од scania но ептен голема турбина и нема никакви особени модификации единствено колку што разбрав само е малце зголемен притисокот на бош пумпата да дава повеќе гориво , но таму стануваше збор за ептен големо турбо а во овој случај нема да биде толку екстремно него мало зголемување на силата и да може секојдневно да се употребува автомобилот
инаку автомобилот е со помалце од 100,000км и е во одлична состојба , фабрички има 70кс со турбово мислам дека би требало да стаса до 95-100кс на 0.5-0.6bar и да може да се употребува колата како да е фабрички вака направена