dedo mi pocina, a 128kata bese na negovo ime ... ponatamu stanuva pokomplicirano
e sega planiram da ja prefrlam kolata na baba mi pa na moe ime, mozi taa procedura da ja zavrsam bez da znat site odokolu ?
ако е само колата на негово име скапо ке биде за да се заврши работата само за колата затоа што постапката кошта околу 500 евра, ама ако има и друг имот тогаш се исплати затоа што не е битно колкав е имотот и со која вредност (вклучувајки и пари на сметка) затоа што цената на процесот е ист за било што, макар и за 1 штраф (еве позлатен нека е) или зграда со 200 станови и 50 локали во центарот на скопје... имено:
целиот имот кој го поседувал дедо ти се дели не следниов начин:
-50% е сопственост на баба ти, по закон регулирано со имот стекнат во брачна заедница, се рачуна дека нејзиниот дел е подеднакво ист како влог во стекнување на било каков подвижен (автомобили, автобуси, мотори, приколки и слично) и недвижен имот (куќа, стан, нива, плац, дуќан и тан..) .
-останатите 50% ги делат децата заедно со се баба ти, како директни наследници на имотот од починатиот. и директните наследници не плаќаат данок за новостекнат имот (инаку тој изнесува 3% од утврдената вредност, од страна на вешто лице)
да речеме дека тоа ти се баба и дедо од татко ти твој, значи негови родители. да претпоставам и дека татко ти има уште еден брат и две сестри. тогаш оние 50% што остануваат, се делат на следниов начин:
-10% на баба ти
-10% на татко ти
-10% на чичко ти
-и по 10% на двете тетки
и тоа подразбира буквално целиот имот кој го поседувал, како што реков подвиѓен и недвижен.
е сега, не ретко се дешава прво и основно женските деца да се повлечат од оставинската постапка. со одредена писмена изјава која ја составува нотарот, истите по сопствена желба се изземаат од оставинската процедура. ако има слога понатака, се откажува и едниот од браќата (поготово ако тоа е имот се не преголема вредност) во корист на оној кој го/ги дочувал родителите.
ти и татко ти можете да изиграте на следниов начин, т.е. ако бабати има моќ да дигне глас ке истапи на следниов начин:
СЕ ДА СЕ ПРЕФРЛИ НА БАБА ТИ, односно да се дели и парчи на парчиња одкако ке почине и она. до тогаш се она што го стекнале заедно со дедоти во брак ке биде строго нејзино. за истото сите други директни потомци треба да потпишат соодветна изјава кај нотарот. внимавајте што потпишувате, затоа што има 2 типа на изјави. едната е во која се наведува дека се откажуваш и се прогласуваш себеси како НЕ НАСЛЕДНИК и со тоа си тураш сам себеси точка и за моментот кога ке дојде редот после бабати да се дели, а другата е изјава во која се откажуваш во корист само на бабати и дека таа изјава важи сега само за оваа постапка. за тоа треба да имате правник до себе за да види како е формулирано. и секако фер би било сите да ги поделат трошоците за нотарот.. т.е. оние 500 евра..
со тоа баба ти ке стане комплетен наследник на се, вклучувајки ја и колата, па после ке ти ја префрли на тебе.
а ако на дедо ти била само колата и ништо друго, поарно извози ја додека има регистрација и после, што да ти кажам... тоа е тоа...
инаку чисто информативно, и кај мене сега брзо имаше смртен случај, односно на сопругата татко и, и ние не успеавме да се договориме се да се префрли на мајка и... ма кај нас е поопширна приказната.. се закануваше мајка и дека се ке продаде и ке си иде у дом со парите од имотот, па сама себа си се натакна на колец.. нека продаде сега ако може... до душа братот на сопругата кој живее во србија, со писмена изјава дадена од таму кај нотар, се откажа од наследство па нотарот понуди и сите прифатија да се подели на 3 еднакви дела... жена ми, сестра и и мајка и... тоа беше понуда која сите ја прифатија и така се заврши прикаската...
бреееејј... ми викаат сите дека сум требал да учам или за правник или за поп...