Ајде малце да ја оживеам темава

Тука некаде на форумов добив идеја за навлака за волан... па решив да се фатам за работа...
Првичната идеја беше да е кожа (која се продава на квадрат и е околу 80/90 евра по квадрат) па ми дојде скапо, а башка и за прва проба страв ми беше дека ќе ја утнам па си земав одлична реплика на кожа (скај - за 20 денари)
и се фатив за работа - исечен материјалот:

залепени рабовите, пред порабување на машина:

машината за шиење


порабено (ова е слика од прототип 1, финалниот е прототип 2, пошо 1 го заебав

)


моите нацрти

сошиено и првично местење на волан:

шнирање:

финално... (подоцна направив мала корекција на краците пошо ми беше набрано многу... сега ги имам точните мерки и следниот пат ќе биде од кожа и ќе биде 100% како што треба и како што сакам... ама нека поседи сега малце вака

)


со малата корекција (за жал ме мрзеше да ја вадам цела од волан, и после кратењето кај краците навлаката остана непорабена...)

се надевам ќе ви се допадне
