После скоро 6 години да ја активираме и оваа тема
Поради продажба на Октавијата која ја возев, Голфот во следниот период ќе биде секојдневно возило. Моментално има поминато 112000км, и сеуште се држи во добра форма. Не е премногу возен, во последните 6 години има поминато околу 40000км, вклучувајќи една тура од 4800км за 5 дена низ Италија и Германија лани зимата.
Освен редовен сервис немам правено ништо друго по него, со исклучок на акумулаторот кој вчера изненадно испушти душа, па ставен е нов. На возилото се сеуште фабричките метлици на брисачите и плочките на кочниците
Како што гледам доста се зголемува бројот на бензинци и на форумот и општо, па и јас да се повозам малку на бензин