Вака, Еко 2 е кратенка од економично и еколошко. За едно рено да добие назив Еко 2 треба да да биде направено од материјали кои во иднина ќе можат да се рециклираат рено ова го импеметираше во 2008 година . Најчесто рено возилата со оваа придавка ги добиваат тие со послаби мотори затоа што се поекономични. Во Македонија од тоа Еко 2 немаме никаква придобивка, но затоа во некои европски земји овие коли имаат големи придобивки како на пример: Поевтина регистрација, ослободување од патарини и слично.