@djidji испадна дека нема врска со електроника или акумулаторот. Проблемот беше до количината на течноста за кочниците. По совет од пријател, проверив и испадна дека флуидот е блиску до минимумот. Дотурив (Aral HS DOT4) и одтогаш се е ОК...
Денес друга заебанција, ми се зезна нешто со сувозачкиот прозор. Се заглави на пола не иде ни надолу ни нагоре. Се слуша дека регулаторот (или моторот) реагира на тастерот, но ништо не се случува потоа. По читање на форумиве за VW изгледа е можеби сајлата за влечење на стаклата, или пластичен запчаник, но може да е и моторот.
Читам дека замените на цели регулатори/мотори не траат долго и дека стануваат досадни заебанции. Затоа се мислам да поставам рачен олд скул систем со рачка спуштање/подигање на стаклата (можеби полесно би било само да ја заменам цела врата, ако налетам на некој отпад на врата со иста боја и со мануелно подигање на стаклата).