Еве ја мојата нова занимација
Општите и техничките податоци се широко познати.
Помеѓу деталите кои мене ми се допаѓаат се 16 инчните OZ Superturismo GT бандажи со 215/40 гуми, Remus издувниот систем, одредени Abarth детали ( прагчиња, лајснички, менувач, педали и рачна кочница ), одлично дотераниот внатрешен ентериер ( седиштата и тапацирите во колата се дополнително преработени ), фабрички вградениот вуфер, K&N панелниот филтер за воздух, комплетното Eibach подвозје, одличната звучна изолација за која со Zero и Simo бевме изненадени и "шушкањето" за кое што употребив еден многу интересен штос од моите tuning познаници од Грција и сега колата од 2500-2700 вртежи во минута звучи како да има турбо
Плановите за во иднина се скромни, но обемни