Перформанси
Малиот турбо бензинец со три цилиндари и зафатнина од само 0,9 литри, има сила од 90 КС, кои иако делуваат малку на хартија, во пракса се сосема доволни за солиден прогрес напред.
Не треба да се очекува ракетно потегнување како кај дизел моторите со слична сила, што се чувствува на нагорнини, но благодарение на турбо полначот, еластичноста е подобра отколку кај атмосферските бензинци. Бројките велат дека забрзувањето до стотка трае 12,2 секунди, додека максимална брзина изнесува 182 km/h.
%20copy.jpg)
Трошоци за купување и одржување, потрошувачка
Со почетна цена од 11.215 евра за стариот 1,2 литарски бензинец со 75 КС, Clio е најскапиот модел во класата. Новиот
0.9 турбо, пак почнува од 13.412 евра, пари за кои реално може да се купи подеднакво силен, но и подобар модел од компактната класа.
Високата доплата во однос на основниот бензинец, барем ќе се исплати кога е потрошувачката во прашање. Навистина,
фабричкиот податок за просек од 4,5 литри е недостижен, но реално може да се помине со околу 6 литри, односно околу 7 во град и околу 5 литри на отворено. За бензинец со 90 КС, извонреден резултат.